Четири сајтови за играње игри од прелистувач

Мартин Јованчевски

во гејминг

Имате малку слободно време, огромна желба за да се забавите со некоја игра, но не и да се мачите со нејзино инсталирање. Ова се четири сајтови преку кои можете да започнете релативно брза гејминг сесија директно од комфорот на вашиот прелистувач!

Monopoly | Free Online Hasbro Board Game | Pogo

Kongregate

Скоро деценија-и-пол како Kongregate се наметнува како идеален дом за Flash заснованите игри. Имате на располагање скоро 130 000 игри, уредно подредени во соодветни категории, како авантура, загатки, акција, или стратегија. Како што можеби знаете, Adobe повеќе не сака да си има ништо со Flash, но игрите и понатаму можат да се проверат на Kongregate. Сајтот, меѓутоа, ги пренасочува силите кон HTML5, а бројни девелопери ги конвертираат нивните игри сè со цел да не бидат голтнати од заборавот. Секоја од игрите можете да ја оцените, како и да собирате значки и да се надградувате преку достигнувања. Огромна забелешка упатуваме кон тврдоглавите и крајно наметливи реклами кои негативно влијаат на севкупното искуство.

MiniClip

MiniClip е веб сајт кој не би требало да ве разочара доколку сакате да се напреварувате против други учесници. Но, покрај популарните игри како Forge of Empires, Roblox, Tanki Online и слично, имате на располагање и стотици игри со еден играч, а уште толку и за до два играчи. Во последно време, MiniClip се истакнува од морето слични сајтови по тоа што ви дозволува да играте од вашиот прелистувач и бројни Android и iOS игри. Minecraft Creative? Да, зошто не?

Pogo

Pogo e веб сајт кој е во сопственост на EA, гигантскиот издавач на игри како Battlefield, The Sims, Mass Effect и слично. Сајтот нема огромен број игри, но она што има е исклучително квалитетно. Па така, ќе можете да се забавите со класиците како Monopoly, Trivial Pursuit, Risk, Mahjong, но и со креативните чеда на PopCap Games, како Bejeweled или Peggle. Дел од игрите се бесплатни, но дел навистина сакаат да направите месечна претплата од 7 долари.

Armor Games

Од одамна познатиот издавач на интересни игри за PC, конзоли и мобилни направи, се истакнува веб сајт кој изобилува со најразлични Flash и HTML5 игри од овој издавач, но и од трети лица. За секоја игра можете да видите која оценка има добиено од посетителите, да прочитате коментари или да оставите ваше мислење. Секоја недела се појавуваат нови игри на сајтот. Рекламите знаат да бидат огромен проблем.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии