Четири дестинации за читање вести

Кога се работи за впивање на вашата дневна доза од вести, Google News е апликација која не би требало да ве разочара. Во спротивно, би можеле да го посветите вниманието на неколку интересни алтернативи.

News Now е интересна платформа која извлекува новости од бројни, светско познати извори и ги поставува во категории како забава, спорт, или технологија. Со кликнување на саканиот линк, автоматски одите на оригиналниот сајт. Во поглед на дизајнот, News Now нема да освои награди, но, со исклучок на ретки огласи, ви сервира искуство кое е релативно добро лишено од дистракции.

Newstral e платформа која го прави испорачувањето на вестите на малку поразличен начин. Имено, на удар се трите топ вести од извори како BBC, The Guardian, The Sun, Daily Mail и The Independent. За подобар приказ на вестите, можете да ги филтрирате линковите и според регион, луѓе, или одредена тема.

Time.mk е дестинација која обединува над 100 македонски извори на вести и во случај да саката една појдовна точка за повеќето македонски текстови и вести од Македонија, светот, спортот, култура, или технологија, ова е сајтот само за вас.

Vesti.mk, пак се чини како интересна алтернатива на time.mk. Со сличен формат како и претходникот, овој агрегатор пласира вести од 150 македонски веб сајтови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии