Четбот им помага на жртвите во тужбите против Equifax

Над 143 милиони Американци останаа со компромитирани броеви за социјално осигурување и други податоци. Компанијата Equifax која требаше да се грижи за безбедноста не забележа безбедносен пропуст на сајтот. Како последица на ова украдени се: броеви за социјално осигурување, броеви на возачки дозволи, дати на раѓање, адреси, па дури и платежни картички.

Equifax е компанија која го одредува кредитниот рејтинг на над 800 милиони корисници и 88 милиони компании. Компанијата е присутна во 14 држави. Две комисии во Конгресот најавуваат сослушувања поради настанатата состојба. Сопствениците на пробиенит профили се доведени во опасност од кражба на идентитет и слични измами.

Ако има некоја добра вест тоа е дека корисниците од другите држави не се зафатени од нападот. Бројката од 143 милиони зафатени од нападот е 44% од вкупното население во САД.

Но, тука ситуацијата станува поинтересна. Се сеќавате на Џошуа Бродер? Г. Бродер креираше чет бот кој сосем бесплатно им помагаше на корисниците со нивните казни за паркирање. За жал и неговите податоци страдаа во овој напат, но г. Бродер изнајде начин како да им се „оддолжи“.

Тој повторно креираше чет-бот, овојпат наместо совети, чет-ботот им помага на корисниците во тужба против Equifax, јави Verge. Во тек на кусиот разговор автоматот ги собира од корисникот сите податоци кои се потребни за започнување на тужбата и потоа креира тужба за небрежност во pdf формат. Оштетата која можат да ја добијат граѓаните е помеѓу 2.500 и 25.000 долари.

„Се надевам дека мојот производ ќе ги замени адвокатите и попат ќе ги бакротира Equifax”, вели 19 годишниот, Џошуа.

Против компаниајта веќе се подготувата и групна тужба. Со оглед на бројот на оштетени, пресуда во корист на тужителите најверојатно ќе ја банкротира компаниајта. Поради ова очекувањето е дека Equifax ќе се обиде да го комплицира процесот за корисниците. Секако креирањето единствено на pdf документ нема да ја заврши работата, но секако барем малку ќе помогне.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии