Честитки до Crysis 2, најпиратираната видео игра за PC во 2011 година

Иако Crysis 2 не освои награди за најдобра игра, ниту за најдобар шутер, според податоците на TorrentFreak, таа е најпиратирана игра за PC во 2011 година.

Можеби високиот број на пиратирани копии на Crysis 2 не е изненадувачки, со оглед на тоа дека играта се појави во продавниците во март лани, а можеше да се најдат пиратски копии уште во февруари. Првата верзија на играта беше симната над 10.000 пати.

Речиси сите 3.920.000 копии се симнати по појавувањето на официјалната верзија на играта. Втора најпиратирана игра симната 3.650.000 пати е Call of Duty Modern Warfare 3, а трета со околу 100.000 копии помалку е Battlefield 3. Листата на топ 5 пиратирани игри се завршува со FIFA 12 и Portal 2 со 3,39 односно 3,24 милиони пиратски симнувања.

За конзолите најпиратирани се: Super Mario Galaxy 2 за Wii и Gears of War 3 за Xbox 360 со 1,28 милиони, односно 890.000.

Загрижувачки е што пиратирањето на игри за PC е речиси три пати поголемо од пиратирањето за останатите платформи. Барем според листите на „топ“ пиратирани игри пиратирањето останува речиси исто како претходната година и покрај тоа што експертите во некои издавачи предвидуваа пораст на PC пиратирањето, и како последица на ова, крај на PC гејмингот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии