Честитајте ги новогодишните празници со македонската AR апликација Christmas Charm AR

Новогодишните празници пристигнаа, а сега ја имаме и совршената апликација за честитање. Christmas Charm AR е едноставна апликација со проширена реалност изработена од Петар Перков со која можете да си направите персонализирана новогодишна честитка.

Christmas Charm AR на корисниците им овозможува во својата околина да постават елки, Дедо Мраз, ирваси, снег, украсени куќички и куп други објекти. Потоа фотографираме и имаме нова супер честитка. Дополнителна функционалност е креирање на новогодишен или барем зимски, селфи портрет преку предната камера.

Апликацијата е едноставна за користење. Функционалноста со селфи камерата е ептен едноставна и не е потребно дополнително објаснување, ниту па некакво нагодување. Камерата се вклучува и можете да одберете некоја од постоечките маски. Во другиот дел апликацијата има нешто поголема комплексност, но ништо премногу сложено. Најпрво ги скенира површините на кој ќе го поставите објектот, па го поставувате на некоја точка во мрежата и потоа може да го завртите или преместите објектот.

Најголема предност на апликацијата е што е супер едноставна за користење, илустрациите се одлични и секако без разлика какво е времето надвор во вашата честитка ќе има снег!

Christmas Charm е потполно бесплатна и нема реклами, и единствено ограничување е во тоа дали телефонот  поддржува AR Core. Листата на телефони кои имаат AR поддршка можете да ја проверите тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии