CherryPlayer е солидна алатка за впивање мултимедијални содржини

Мартин Јованчевски

во Вести

Во случај да ви е преку глава од плеерите кои секојдневно ги користите, CherryPlayer може да се наметне како повеќе од достојна алтернатива.

Се работи за алатка која се одликува со импресивно долга листа од поддржани формати. Згора на тоа, не дискриминира ниту во поглед на стримување содржини, ниту во поглед на IPTV.

Од главниот интерфејс на CherryPlayer лесно ќе можете да започнете со слушање на вашите омилени радио станици, како и да прелистувате и прегледувате видеа од YouTube, Twitch, и слични сервиси.

Иако бесплатната верзија знае да биде крајно дарежлива, сепак константно се наметнува потребата за надградба на професионалната верзија. Интересно е тоа што продажбата на про верзијата е деактивирана од самиот веб сајт.

Најновата, трета верзија, суптилно го менува изгледот, но прави поголема револуција во бројот на исправки на најразлични багови, а и воведува Windows Aero Snap поддршка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии