Чекор поблиску до квантните компјутери

На тој 6cm x 6cm чип има 9 квантни уреди, а меѓу нив четири „квантни бита“ кои ги вршат калкулациите. Тимот вели дека оваа година можат да се искачат и до 10 квантни бита.

„Возбудливо е што сега сме на точка каде можеме да почнеме да зборуваме за тоа која архитектура ќе ја користиме ако сакаме да направиме квантен процесор“, вели Ерик Луцеро од Универзитетот од Калифорнија.

За стане појасно кои се бенефитите од квантните компјутери наспроти денешниот начин на извршување калкулации, прво мора да се направи разлика во тоа како функционираат. Наспроти добро познатиот начин со единици и нули на кој се базираат компјутерите кои во моментов ги користиме, квантните уреди се базираат на суперпозиции – состојби на материјата кои и овозможуваат во исто време да е и еден и нула (прочитајте повеќе тука). Сега можете да замислите кога би можеле калкулациите да се одвиваат во сите суперпозиции наеднаш. Иако оваа способност на квантните уреди не прави разлика кога се работи за еден квантен бит, но ефектот е се поголем како расте бројот на квантните битови. Како што рековме, овој нов уред не носи на чекор поблиску до квантните компјутери, во смисла што користи повеќе кватни битови, а и има надежи да се надградува понатаму, што во еден момент би можел да стигне до бројката 100 квантни бита, која би била доволна за еден квантен компјутер.

Како што можеме да видиме, клучна точка на која треба да се фокусираат научниците е скалабилноста, за да може системот да расте. Тимот кој стои позади овој уред за таа намена создаде нешто кое го нарекува RezQu архитектура, која е добар кандидат за покомплексни структури од кој би можел да се направи еден квантен компјутер.

„Веќе постојат ветувачки изгледи дека оваа архитетура може да се надградува, и ние креиравме електроника по наша мерка базирана на мобилната технологија која многукратно ни ги намали трошоците. “, вели понатаму г. Луцеро.

Оваа возбудлива трка кон првиот прототип за квантен компјутер, можеме да очекуваме дека во следните неколку години ќе кулминира со една моќна машина.

(via BBC)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии