Чекор по чекор: Bitlet.org

IT.mk редакција

во Совети

{mosimage}Дали сте се нашле во ситуација кога ви е потрбен BitTorrent клиент, а на системот на кој работите истиот не е инсталиран, додека инсталирањето од  X причини не е дозволено. Дали некогаш сте имале потреба да поставите директен download линк до некој торент на Вашата веб страница/блог по чие кликнување download-от ќе започне веднаш. Сум се нашол и во двете ситуации, но благодарејќи на BitLet.org немав никаков проблем.

BitLet.org е веб-базиран java аплет кој вашиот прелистувач ќе го претвори во BitTorrent клиент.  Целиов проект е во многу рана фаза од развојот, но, тоа во никој случај не ја доведува функционалноста во прашање. Во продолжение чекор по чекор објаснување на двете примарни функциите кои ги нуди BitLet.org.

{mosimage}

1. download:  Со избор на “download” од главното мени ви се отвара  страна каде со едноставно вметнување на локацијата (URL-to) на торентот и клик на "Download Torrent" превземањето на содржината започнува веднаш, без потреба од претходна инсталација на BitTorrent клиент.
2. more…:  Доколку сакате да поставите некој торент на Вашата веб страница или блог кој ќе биде подготвен за превземање веднаш и повторувам без потреба од BitTorrent клиент искористете ја опцијата more…(од главното мени)>For Publishers.

Во првото поле внесете ја локацијата на торентот, додека со клик на "Generate Code"  во второто поле се генерира java script код кој е подготвен за објавување на Вашата веб страница или блог.

Покрај овие две функции, тука е и можноста за преслушување на аудио содржините (во моментов подржани се .ogg и .mp3 аудио форматите) кои се стримуваат преку BitTorrent протоколот.

Доколку ви се допадна и ви помогна сервисот на BitLet.org, имате можност да ја искажете вашата благодарност гласајќи за истиот во категоријата „Utility & Security“ во која е номиниран за 2008 Webware 100 наградите на CNET.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии