Cheezburger станува империја на интернет културата, го купи Know Your Meme

„Бидејќи Cheezburger е игралиште по избор на милиони фанови на Интернет култура, оваа аквицизија е само природен додаток на нашата заедница. Сега, покрај нудење 5 минути среќа преку I can has Cheezburger?, Fail блог, Memebase и The Daily What, може да им помогнеме на публиката да ги разбере почетоците на мемињата и како содржината се шири вирално низ мрежата.“, вели основачот на Cheezburger, Бен Ху.

Know Your Meme е блог каде се истражува и објаснува интернет мемињата и културата. Обично интернет мемињата ќе започнат некаде, пример на познатиот 4chan форумот, од каде всушност се појавија и lolcats кои се и основата на бизнисот на Cheezburger. Евентуално мемињата ќе се прошират виратлно насекаде, допирајќи до мејнстримот, за подоцна Know Your Meme да ги објасни „етимолошки“, односно од каде започнале, како се прошириле и кој ги направил мемињата.

Know Your Meme е серијал на видео блогот Rocketboom, основан во 2004-та и првиот видео канал кој во 2010-та ја тестираше платформата за стримање во живо на YouTube.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии