Cheetah е робот кој не може да го претркате

Научниците од Универзитетот за технологија Масачусетс, објавија дека роботот Cheetah сега е слободен да трча самостојно со батеријата која е вградена во него. Досега движењето на роботот беше ограничен од каблите за напојување на кои беше прикачен. Роботот теоретски може да достигне брзина до 48 km/h, иако засега тестирањата се со брзини околу 16 километри на час. Инспирирани од Усеин Болт, пред се неговиот начин на трчање, развојниот тим креираше алгоритам со кој се одредува силата која е потребна при движењето за да се совлада гравитацијата и притоа да се задржи моменот на движење. Тестовите на роботот, кој е финансиран од DARPA со намена во мисиите за трагање и спасување, покажуваат дека новиот алгоритам му помага на роботот да продолжи со трчањето со константа брзина дури и ако скока преку некоја пречка. Во тестовите се користени пречки високи до 30 сантиметри.

Роботот наликува на WildCat на Boston Dynamics кој сега се дел од Google, и по исполнување на договорот со DARPA ќе ја прекинат соработката со Армијата на САД.

[youtube]XMKQbqnXXhQ[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии