Часовникот на Apple може да дијагностицира дијабетес со 85% точност

Можноста од набљудување на симптоми на куп луѓе истовремено дава интересни можности за дијагностика. Истражувања на лекарите кои го користат Apple Watch како сензор за следење, овозожија дијагностицирање на повеќе болести со прилично висока точност.

Последна болест на листата е дијабетесот. Основачот на Cardiogram откри дека Apple Watch сега може да дијагностицира шеќерна болест со 85% точност, јави TechCrunch. Раното дијагностицирање е од исклучителна важност поради компликациите кои може да се јават кај пациентите.

Интересно е што дијагностицирањето на дијабетесот часовникот го прави со следење на пулсот. Токму ова овозможи дијагностицирање на 462 пациенти со дијабетес. Истражувањаето е направено врз база на резултатите од 14.000 корисници.

Освен ова, Apple Watch може да се користи и за пронаоѓање на: аритмија, 97% точност; ноќна апнеја, 90% точност; хипертензија, 82% точност.

Дури и со сегашната технологија, добар дел од заболените од дијабетес се откриваат предоцна, или пак воопшто не се откриваат. Раната детекција ќе спречи сериозни компликации, па можеби ова е една од функционалностите кои сите паметни часовници може да ги додадат во иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии