Charlie Hebdo ќе објави милион копии со помош на Google и француските медиуми

Фонд предводен од Google, француската влада, француските медиуми, како и краудсорсинг кампања, успеја да соберат над 1,5 милиони долари кои ќе ги донираат на францускиот сатиричен магазин Charlie Hebdo. Mагазинот изгуби 12 новинари во еден од најстрашните терористички напади во земјата.

Парите се собрани како поддршка за слободата на говор и новинарстовото, и ќе бидат искористени да се спаси магазинот, кој пак најави дека ќе објави еден милион копии следната недела. Charlie Hebdo обично издава околу 60.000 копии, но овојпат ќе има помош од другите. Како што пишува Guardian, разни медиумски организации и публикации бесплатно ќе го дистрибуираат следното издание како поддршка.

Преживеаните новинари на Charlie Hebdo велат дека се исплашени, и дека им е тешко да се вратат на местото каде двајца вооружени терористи во средата на 7-ми јануари убија 12 писатели и илустратори на магазинот познат по своите контроверзни сатири. Но, сатирата има право да биде контроверзна и смешна, за да ни претстави поинаква критика на општеството, дури и ако има сурови последици.

„Тешко е, сите ние страдаме, со тага, со страв, но ќе направиме се што е потребно бидејќи глупавоста нема да победи“, вели еден од писателите на магазинот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии