Отпечатоците од прсти можат да бидат реконструирани од неколку фотографии кои ги покажуваат вашите прсти, беше демонстирано од Chaos Computer Club, најголемиот европски хакерски колектив. Дека не станува збор само за теорија покажува презентацијата на Јан Кислер кој успеа да го реконструира отпечатокот на Урсула ван дер Лејн, германски министер за одбрана. За демонстрацијата г. Кислер користи стандардна опрема со која го фотографирал прстот на министерката, а потоа овој отпечаток може да го користи за биометриско отклучување или авторизација.
„Политичарите ќе започнат да носат нараквици кога зборуваат во јавност“, вели г. Кискер. Отпечатокот е се поактуелен за заклучување на податоци, а телефоните на Samsung и на Apple ја имплементираа технологијата за заштита на своите уреди. Сепак доколку се покаже дека пробивањето е едноставно како што тврди г. Кислер тогаш треба да се размисли за додавање на нови нивоа на безбедност.
[youtube]pIY6k4gvQsY[/youtube]







