Чао Flash Professional. Здраво Adobe Animate.

Oткако сите му свртea грб на Flash, време беше и на Adobe да се помири со фактот (и визијата на Стив Џобс) дека HTML5 е супериорен. Adobe сега ги ребрендира своите алатки, претставувајќи нова верзија на Flash Professional која сега се нарекува Adobe Animate CC. Adobe Animate ќе го поддржува Flash и Air, но ќе користи HTML5 за веб анимации како што веќе користат една третина од содржините креирани со Flash Professional.

„Зошто ребрендираме? Бидејќи отворените стандарди и HTML5 станаа доминантни стандарди на веб“, вели Adobe. Според компанијата, алатката е целосно „изработена од нула за да интегрираме поддршка за native HTML5 Canvas и WebGL во креирање на премиум апликации“. Animate CC ќе биде објавена на почеток на 2016-та година и се води според стандардите на Interactive Advertising Bureau (IAB). Oва значи дека со Animate ќе можат да се прават анимации кои ќе функционираат одлично на мобилни телефони и на модерните прелистувачи кои ги блокираa Flash поради безбедносните дупки во софтверот и додатоците.

1 коментар на “Чао Flash Professional. Здраво Adobe Animate.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии