Changers Challenge и македонскиот стартап екосистем!

Image courtesy of Eva Piperevska/Facebook

(Oва е гостински пост на Ева Пиперевска, маркетинг менаџер во G6 Solutions. Ева се реши да напише серијал на блог постови за Google AdWords на Medium. Ги реобјавуваме со нејзина дозвола)


Кон крајот на април имав прилика да бидат дел од првата група членови на иницијативата наречена Changers Challenge. Changers Challenge е проект создаден по инициjатива и концепт на Анка Албу, а реализиран со помош на USAID Competitiveness Project. Проектот има за цел да собере на едно место луѓе кои директно се вклучени во создавање и развивање на стартап екосистемите во своите држави, со цел активно да работат на решавање на проблеми со кои се соочуваат стартап екосистемите во државите во Централна и Источна Европа. Во него овој пат беа вклучени 17 учесници од 15 држави, како Данска, Чиле, Малезија, Полска, Романија, Србија, БиХ, Македонија, Бугарија, Азербеџан, Грузија, Молдавија, Литванија, Украина и Белорусија.

1-PKTcztZFrbEYm6pVGlcVaw

Во рамките на 72 часа во преубавата природа на Молдавија, преку разновидни вежби и работилници сите бевме вклучени во мапирањето на концепт за реална инфраструктура на молдавскиот стартап екосистем. Освен работилниците, имавме прилика и да ги споделиме нашите искуства, како и да размениме мислења, совети и коментари. Како дел од ова искуство успеавме и да научиме зошто некои држави и екосистеми денес се успешни, што кај нив работело а што не, но и да ги откриеме најважните зачини за успех и како да ги искористиме во сопствените екосистеми.

1-4ayTxvQXrBgWVtxHN0IrMg

Интересно беше да се види дека скоро сите стартап екосистеми во Централна и Источна Европа ги имаат истите или слични проблеми, се соочуваат со исти или слични предизвици и се борат со компромиси, недостаток на финансирање, промени во државните и правни системи итн. Уште поинтересен е фактот дека Македонија во некои ситуации е во многу понапреден развој за разлика од другите држави, посебно од гледна точка на финансирање на стартапи.

Од друга страна пак работи како недостатокот на успешни стартап приказни, недостатокот на seed investment, акцелератори и инкубатори во права смисла на зборот и настани и едукација за стартапи се само дел од клучните точки кои недостасуваат за македонскиот стартап екосистем да се развие и да произведе квалитетни стартапи кои ќе конкурираат на светскиот пазар.

1-ftsZfMH0DocabIz8m2XxvQ

Токму тие неколку точки ми дадоа мотивација да го напишам овој блог пост и да споделам дел од светските успешни приказни од гледна точка на развој на стартап екосистеми.

Стартап Данскa — организација која работи во рамките на две министерства, создавач на регулативата наречена стартап виза за државјани на држави кои не се членки на ЕУ, советник при создавањето на законот за имиграција во Данска, како и создавач на првиот Стартап Парламент во Европа. Организацијата со своите активности досега има овозможено услови за релокација на младите талентирани луѓе, има обезбедено ресурси и здрава околина која помага при зголемување на бројот на квалитетни стартапи во Данска, има создадено различни канали за поефикасно трошење на капиталот, а и со своите проекти има огромно влијание во процесот на драстично зголемување на работни места во државата.

1-O32Z1F08AXPu7BcbtSQ_ZQ

Овде е интересно да се спомне фактот дека Македонија се наоѓа на 20-тото место во листата на број на апликации за стартап виза во Данска. Повеќе за проектот може да прочитате овде, а доколку сте заинтересирани за апликација слободно пишете ми за контакти со организацијата.

Стартап Чиле – организација која своите први чекори ги прави пред 5 години. Во 2006 година во Чиле се соочувале со недостаток на меѓународни стартапи, изолација, ниско ниво на иновација, никаква поддршка од државните институции и потреба за развој на економијата.

1-g-JK0afxPzmxMaWQeC8ccg

Со помош на ентузијазмот и големата посветеност од страна на основачот Николас Шеа, Стартап Чиле создале проект кои го претставиле на Агенцијата за економски развој на Чиле и од каде успеале да ги добијат поддршка во формата на финансиски средства, услови за аплицирање за стартап виза и лична карта за престој. Нивните цели биле: да овозможат Чиле да стане место број еден за стартапи во Јужна Америка, како и да го сменат стартап менталитетот на локално ниво.

Денес после 5 години, Стартап Чиле може да се пофали со повеќе од 1.100 стартапи и над 3.000 претприемачи од повеќе од 100 земји во светот. Повеќе за проектот може да прочитате овде, а доколку сте заинтересирани за апликација слободно пишете ми за контакти со организацијата.

За крај морам да кажам дека ова искуство и можноста да работам една недела со овие луѓе ми даде мотивација и многу идеи за реализација во Македонија. Засега останувам на тоа, но се надевам дека наскоро ќе имаме сите ние можност да ги запознаеме овие луѓе и да научиме нешто повеќе.

Changers Chanllange учесници беа: Anca Albu, Nail Vali, Anastasiya Bardunova, Armin Konjalic, Chris Georgiev, Catalina Bräuchle, Giorgi Kintsurashvili, Dovydas Varkulevicius, Eva Piperevska, Dash Dhakshinamoorthy, Traian Chivriga, Eliza Kruczkowska, Agata Kukwa,Adrian Pica, Vukašin Stojkov, Petra Dzurovcinova, Nikolay Savin, Anna Petrova.