Chains of Harrow излезе за Warframe

Најновото надополнување за Warframe, насловено како Chains of Harrow содржи многу повеќе од она што првенствено очекувавме. Низ морето од новитети, ќе наидете и на нова квест, нови оружја и нов лик.

Најновиот воин, Harrow, се одликува со четири главни способности. Condemn исфрла бранови од енергија и спојува непријатели во спектакуларни судири, а Penance црпе од резервите на вашиот штит за да го забрза репетирањето и брзината со која куршумите излегуваат од цевката. Thurible, од друга страна, ја користи енергијата на воинот за да генерира зајакнувања во одредени аспекти, а Covenant ги штити сојузниците со посебно енергетско поле.

Што се однесува до оружјата, најновото Chains of Harrow надополнување ќе ви дозволи употреба на нов пиштол, Knell, на кој му се зголемуваат шансите за критични погодоци за одредено време и доколку нишанот е упатен кон главите на непријателите. Ваквата предност е особено ценета при пресметките со новиот непријател, Nox, и неговото токсично оружје. Nox се најдобро елиминира од далечина затоа што доколку го поразите од блиску, телото на новиот непријател ќе проба да ве усмрти со експлозија.

Спомнавме и нов квест, нели?

„Вознемирувачка порака од духовниот посредник на Red Veil ве насочува кон напуштен Steel Meridian вселенски брод, во близина на планетата Земја. Внатре, ехо од чудни шепоти прострујува низ безживотниот брод. Која сила го има ослободено оваа зло и како може да се сопре?“, со овие зборови Digital Extremes се труди да ги заинтригира (потенцијалните) фанови на играта.

Надополнувањето се појавува пред долго-очекуваниот TennoCon фестивал кој започнува од 8.јули. Во меѓувреме, можете да пробате да земете интересен плен за играта преку Twitch Prime програмата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии