CES 2011: АSUS претстави таблет компјутери со одвоена тастатура

АSUS Еее Pad Slide и Transformer се двата 10.1-инчни модели на таблет компјутери кои имаат физичка тастатура. Таблетите работат на Tegra 2, со 1280×800 резолуција на екран, имаат мини-HDMI, microSD и miniUSB портови. Има предна камера од 1.2 мегапиксели, и задна од 5 мегапиксели со LED блиц.

ASUS Slider и Transformer го користат новиот Аndroid Honeycomb оперативен систем кој има подобра поддршка за таблет компјутери. Всушност, поголем дел од таблет PC-jaта кои се очекуваат да бидат претставени на CES 2011 ќе го користат овој оперативен систем.

ASUS Eee Pad MeMO е 7-инчен таблет компјутер со 1024×600, кој работи на Android, со dual-core 1.2GHz Qualcomm процесор, има предна и задна камера, и има дигитално пенкало за користење кое е функционално со Media Note апликација за фаќање забелешки и Painter за цртање. И двете апликации се преинсталирани на уредот. Ќе се појави на лето и ќе чини 500 долари.

АSUS Еее Slate EP121 е 12-инчен таблет кој се разликува од претходните три бидејќи работи на Windows 7 со Core i5 процесор со 2 до 4 GB RAM и 64GB простор и ќе чини над 1.100 долари.

АSUS таблет компјутерите ќе бидат пуштени во продажба на пролет 2011, а се очекува да чинат меѓу 400 и 800 долари, зависно од моделите.

13 коментари на “CES 2011: АSUS претстави таблет компјутери со одвоена тастатура

  1. Ако погледеш внимателно, моите забелешки не се за квалитетот на уредите, бидејќи знам со што си имам работа, туку повеќе со употребливоста на форматот и софтверот.
    Да сумирам:
    – 7" е премалку за посериозна употреба. Можеби за на пат, или така нешто, но ако сакаш да фаќаш белешки, да пишуваш нешто (како јас сега ова од iPad), неупотребливо е.
    – Кога сме кај екраните, квалитетот на самиот LCD е далеку повисок (иако, ова може да зависи од квалитетот на производителот), а прецизноста на лејерот за допир неспоредлива.
    – Апликациите за Андроид со кои си имав и имам работа се на доста пониско ниво од овие на iOS. Недоработеност, аматеризам, па дури и воопшто неисполнување на основните функции. контролата има и добри и лоши страни. Онаа на Apple е претерана, но барем добиваш функционални апликации.
    – Цената! Како може Apple да постигне 25% пониски цени за поквалитетен хардвер? Необјасниво.

    1. Пример:
      на андроид телефонов имам функционалност да си копирам музика од него на пеце и назад без никакви ограничувања, додека на ајфонот не (ајтунс глупост голема). Слично ќе биде и на таблиците со андроид. И се додека го фалиш колку е совршен чеканот што ти го дале Апл, нема да забележиш дека сите проблеми ги решаваш како да се клинци. Резиме: од Апл добиваш функционални апликации со малку функционалности :)

  2. edinstvana zakana za Apple vo momentov e Microsoft + Nokia alijansata, drugite se prilicno slabi. Android i Google otidoa na teren kade sto nemaat dovolno ekspertiza i iskustvo taka da se si mislam deka ke lapnat voda so Android isto kako sto lapnaa voda so mnogu drugi proekti. Da bideme realni mislite
    deka Canonical, Red Hat, Novel ke sedat so skrsteni race koga stanuva zbor za operativni za tableti … ?
    Android slobodno moze da "proseta" vo ovaa industrija i google za nekoe vreme da si go zatvori proektot. A bash super im trgna so Chromium -ot !

    1. Историјата се повторува. Но не ова што ти го нагласуваш, туку Macintosh vs PC. Отворената архитектура победи, иако нејзиниот творец IBM се изгуби од пазарот. Затоа не мери ја јачината на технологијата наречена Android со јачината на фирмата Google.
      Единствената закана за Апли, не е друга фирма, туку друга технологија.

  3. Ха, фер прашање: дали ќе знаев за „оптималната точка“ ако немав iPad!
    Имаш право, нема да знаев, но можам да се повикувам на објективност, бидејќи …

    Освен iPad-от, имам и Андроид уред (всушност беа два). За среќа, се ослободив од Андроид таблетот на време — едно кинеско ѓубре, кое, иако со Андроид 2.1, беше … ѓубре. Најверојатно поради очајниот екран и лошата чувствителност на touch функционалноста. Екранот беше 7", премал за сурфање во лежечка положба :) и премал за гледање/читање на документи и (мојата пасија) стрипови. За едитирање, многу тешко. 7" е малку (мислам на екранот :) ).
    Батеријата траеше, во најдобар случај, 4 часа.

    Од смартфонот сум благо разочаран, и тоа повеќе од Андроидот отколку од (исто така) слабиот екран (инаку, се работи за T-mobile Pulse Mini).
    Највеќе ме нервира релативно лошиот квалитет на апликациите, нивната недоработеност и необмисленост. Па, мајку му, на стариот HP Messenger со Windows Мобилен OS имав подобри апликации! Мислам на основните — контакти, бирање на броеви, медиа плејер, итн.

    Очигледно, Андроид има уште да „јаде леб од фурна“ пред сериозно да го заклати Apple iOS.
    А и произведувачите на таблет-компјутери, иако има гиганти меѓу нив.
    Но, еднаш кога ќе фатат залет (за едно две години), ќе уживаме во добри уреди, бидејќи за тоа се работи, нели?
    Ама, тогаш Apple ќе ги фати на препад со нов, уште подобро обмислен уред, со нови револуционерни можности…

    1. Не ме чуди што си имал проблеми, но тоа требало и да го очекуваш, знае народот: „колку пари толку музика“ :)

      Ако веќе споредуваш „кинеско ѓубре“ и low end Pulse Mini што освен во T-mobile никаде на друго место не сум го сретнал, тогаш земи соодветно ѓубре од Апл. Ама проблем: Апл прави само high end уреди. Затоа, за поголема објективност би требало да провериш и неколку high end уреди со Android.

      Поздрав.

    2. Ееејј…. имав коментар пратено на ова ама изгледа се изгубил во плагинот :(

      На кратко, имаш лоша споредба. Апл прави само high end уреди, па за поголема објективност не би требало да ги споредуваш со low end андроид уреди. И iPhone и iPad ги прават во Кина, но не се ѓубре, а ти си одбрал да ги споредуваш со други уреди кај кои што самата дефиниција за „квалитет“ е евтино и ништо повеќе.

  4. Ах, не сум сигурен дека не сакаат да направат "приближен" уред на iPad. Поверојатно е дека не можат, а најголема пречка е недостатокот на квалитетни LCD touch екрани (какви што се вградени во iPad).
    Затоа и нема многу 10" модели (јас не видов ниту еден), туку само 7-инчни. Друга финта им е некаков хибрид на лаптоп на кој може да му се извади екранот, а тоа се 12" модели.

    Како и да е, како што реков, сите "подобрени" идеи се или премногу скапи, или инфериорни во екранска површина. Никој не ја погоди оптималната точка: 10" мултитач, 7-8 часа автономија, и цена околу 400$.
    Кога ќе излезе iPad 2, пак ќе створи голема предност. Објективно, првите реални ривали ќе можеме да ги видиме на крајот на 2012.
    Тоа е цената која се плаќа со седење на уши и потценување на конкуренцијата.

    1. Во случајот со мобилни Апл ја потцени конкуренцијата и седеше на уши, но како и со нив, ќе дојдат споро, ама кога ќе дојдат, ќе си се повтори старата: Апл направиле нешто први фатиле пазар, изгубиле пазар од конкуренцијата и после љубоморно ќе си го чува тоа што им остана.

      Интересно, дали ќе ја кажуваше оваа „оптимална точка“ ако претходно немаше поим што е ајпад?

  5. 500 долари за 7" таблет? Не – фала.
    А штом даваат и стајлус со него, тоа значи дека функцијата за допир е инфериорна.

    За крај, колку ли ќе трае батеријата во таблетот со Core i5 процесор? Или ќе работи едно два часа по полнење, или ќе тежи 5 кила.
    Но, потребата за ваков јак процесор наведува на уште нешто: дали Андроид има проблеми со перформансите, т.е. оптимизацијата, кога произведувачите се потпираат на процесори кои не се за таблет-компјутери?

    Никој не му се ни приближува на Apple и неговиот iPad. Ах, добро … ќе чекаме уште една година.

    1. За да нема забуна, видеото што го гледав беше на друга статија.

      Го изгледав само првото видео еднаш, од сеќавање мислам дека одеше вака: неименувана таблица со „Тегра Двојка“ од Енвидиа на 1.2 гигахерци за да се вози „Хоникомб“. ДРУГ компјутер за плус отприлика толку пари ќе има се што има нотбук/лаптоп, освен монитор. Значи ќе има „Кор И Пет“ за да може на него да работи „Виндоус седумка“.

      Второ значајно нешто е никој да не пробува да му се приближува на Ајпадот, веќе имаме таков уред, редно е да видиме и различни подобрени идеи. Од нив, некои ќе успеат, други не, но на крај, ќе бидат склопени најдобрите/најпосакуваните одлики од сите нив за да се направи одличен уред.

      Практично, на крајот излегува Апл им кажува на луѓето што да сакаат, а останатите фирми од алијансата на Андроид ги прашуваат со давање поголем избор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии