CCleaner: Избришете ги Вашите траги

Програмот како своја основна функција отстранува и овозможува:

  • Непотребни фајлови во Internet Explorer (Temporary Files, URL history, cookies)
  • Непотребни фајлови во Windows оперативниот систем (Recycle Bin, Temporary Files, Log Files)
  • Чистење и средување на регистарот на оперативниот систем Windows (бришење на стари внесувања вклучувајќи File Extensions, ActiveX Controls, ClassIDs, ProgIDs, Uninstallers, SHared DLLs, FOnts, Help Files, Application Paths, Icons, Invalid Shortcuts)
Дополнително, преку отварање на табот за апликации, зависно од што имате инсталирано на Вашиот компјутер, CCleaner ќе Ви овозможи чистење на непотребните фајлови користени од тие апликации. Апликациите можат да бидат Firefox, Safari, Microsoft Office, Adobe Reaer, eMule, Adobe Flash Player, WinZip, WinRar и многу други.

Иаку не поддржува голем број на апликации како што поддржуваат останатите програми од оваа категорија, голема предност на CCleaner е тоа што е бесплатен и тежи само 2.61мегабајти (2,733,520 bytes).

Интерфејсот на програмата е дизајниран за лесно, едноставно и брзо користење. Процесот на чистење на сите непотребни фајлови на компјурот може да се одвива само низ неколку кликови.

Програмот овозможува и бекап на регистарот пред да го исчистите во случај на можни грешки да можете да го повратите. CCleaner има и “присилен бришач” на софтверски апликации инсталирани на компјутерот кој може да биде корисен во случаи кога опциите за нормално бришење на некој програм од разни причини не функционираат.

CCleaner содржи и алатка за прегледување на сите апликации кои стартуваат со оперативниот систем и овозможува истите да се регулираат.

Програмот од самиот почеток е создаден врз идеја да не брише информации кои можат сеуште да му бидат од корист на корисникот. Избришаните информации пак, се бришани на начин кој оневозможува враќање на избришаните информации.

Програмот е достапен на македонски, српски, албански и на уште 32 различни јазици. Piriform, компанијата позади овој проект, овозможува и форум за дискусии поврзани со нивните програми каде што CCleaner си има своја секција.

П.С. За параноичните, MD5 checksum за програмот е: 06AB7FD00CA2F03BAF4616C40BB2C761.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии