CCleaner има безбедносен прелистувач

CCleaner прелистувачот се рекламира дека е како и секој друг прелистувач, само побрз и побезбеден. Доколку ви здосади секојдневната работа преку Chrome, или Firefox, би можеле да го проверите и најновото чедо на Piriform.

CCleaner Browser се фокусира на нудење бројни опции и алатки за приватност, како автоматско блокирање реклами, спречување обиди за фишинг, но и следење. Една друга алатка, пак, ви помага да го спречите неовластеното инсталирање екстензии и додатоци. За пофалба е и таканаречениот stealth режим кој спречува вашата прелистувачка историја да се биде сочувана. Паралелно со ова, автоматски се бришат сите колачиња за следење, како и привремени фајлови.

CCleaner Browser се чини како брз прелистувач кој веќе доаѓа спакуван со сите алатки за подобра приватност. Интересно е тоа што, доколку сакате, можете брзо да го покренете и CCleaner од самиот прелистувач.

За неупатените, CCleaner е алатка за оптимизација на перформансите на вашиот компјутер. Бесплатната верзија на апликацијата отстранува непотребни работи од оперативниот систем, апликациите и регистарот, а се одликува и со корисни алатки како анализа или неповратно бришење на диск, барање дупликати, деактивирање апликации кои се покренуваат со системот и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии