Ричард М. Сталман, таткото на GNU, на 3-ти јуни 2010 на покана од Слободен софтвер Македонија доаѓа во Скопје и ќе одржи предавање насловено „Copyright vs Community in the age of computer networks”. Предавањето ќе се одржи во салата “Милениум 2” во хотелот “ХолидејИн”, влезот е слободен и отворен за сите, предавањето започнува во 18:00 часот и ќе биде на англиски јазик.

Прочитај повеќе

Нa YouTube се појави видео во кое програмер по име Владмир, според YouTube профилот, креира апликација со проширена реалност без да користи програмски јазик и го прави тоа за само 5 минути.

Прочитај повеќе

Додека продолжуваат расправите HTML5 vs Flash, Adobe објави мобилна верзија за својот популарен софтвер за мултимедија. Овој софтвер кој според Adobe го користат 75% од веб сајтовите, досега имаше само Lite, лесна верзија за мобилните телефони бидејќи на Flash му треба повеќе ресурси и ја троши батеријата.

Прочитај повеќе

Adobe стартуваше кампања „за избор“ објавувајќи реклами „Го

сакаме Apple“ со дополнителен текст „Но не сакаме кога некој ја зама вашата слобода да одберете што креирате, како го креирате и како

го доживувате тоа на мрежата“.

Прочитај повеќе

Plugin Check на Mozilla е сервис кој ви проверува дали плагините и екстензиите на прелистувачот се апдејдирани бидејќи „старите плагини можат да потрошат време и да го прекинат прелистувањето, го зголемуваат ризикот од вируси, додека надградените плагини го подобруваат сурфањето.“

Прочитај повеќе

Microsoft го објави Office 10 пакетот наменет за бизниси, а најави дека од 15 јуни софтверот ќе биде достапен и за корисниците.

Прочитај повеќе

Бета верзијата на Firefox 4 ќе се појави во јуни, најави Мајк Белтцнер, директор за продукти во Mozilla, кој објави презентација и видео за плановите како ќе изгледа новиот прелистувач.

Прочитај повеќе

На Web 2.0 Expo кој е моментално во тек во Сан Франциско, Аdobe претстави прототип на таблет PC кој што работи на Android и подржува Flash и Аir апликациите.

Прочитај повеќе

За да ја демонстрираат брзината на најновата верзија на Chrome, инжинерите на Google спроведоа интересен експерименти користејќи компир, топ, струја, чизма, синтисајзер…

Прочитај повеќе

Face.com стартува API во алфа верзија дозволувајќи им на девелоперите да креираат апликации со нивната технологија за препознавање на лице.

Прочитај повеќе

Сликата погоре јасно покажува World of Warcraft на iPad. Но таблет PC-то го нема потребниот хардвер да ја стартува видео играта?!

Прочитај повеќе

Google ја купи BumpTop Теchnologies Inc. компанијата зад BumpTop апликацијата која го претвара стандардниот десктоп во 3D работна табла на која фајловите ги следат физичките правила како да се документи на реална работна маса.

Прочитај повеќе