{mosimage}Вчера во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа Македонско-естонска ИКТ конференција организирана од министерот за информатичко општество М-р Иво Ивановски, каде што естонските претставници од ИКТ индустријата ги презентираа своите компании. Конференцијата беше отворена со говорите на министерот Ивановски, министерот за странски инвестиции Глигор Ташковиќ и естонскиот пратеник Ханес Асток.

Прочитај повеќе

Бидејќи веќе има едно објаснување што точно претставува IDS (Intrusion Detection System), разните видови IDS и за што служат, ќе започнеме со инсталација и конфигурација на еден таков систем за детекција на наметнувања. За оваа пригода го избрав најпознатиот и највеќе распространетиот IDS систем во светот –Snort.

Прочитај повеќе

Денеска ќе видиме како да ја инсталираме најновата верзија на Убунту (8.04 – Hardy Heron), која ја препорачувам на сите почетници на Линукс како нивна прва дистрибуција. Туторијалот е објаснет во детали, со цел да може секој да го инсталира без разлика дали е експерт или почетник во областа на ГНУ/Линукс.

Прочитај повеќе

{mosimage}На пригодна свеченост во Средното општинско економско училилиште во Гостивар денеска беа ставени во функција 800 компјутерски работни станици, како дел од проектот на Владата „Компјутер за секое дете“. На свеченоста присуствуваа Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Прочитај повеќе

{mosimage}Добро познатата компанија TriCipher, чија главна дејност претставува автентикација во внатрешните мрежи, од неодамна ја објави интеграцијата на услугата т.н. "myOneLogin" со популарните социјални мрежи: MySpace, LinkedIn, Plaxo, YouTube, Classmates, Friendster, како и Google, WebEx, Microsoft Outlook Web Access, SalesForce.com и други.

Прочитај повеќе

{mosimage}На 20-ти мај на голем број продажни места во Македонија беше објавено новото списание за компјутери, Click. Содржано од 92 страници и со цена од 90 денари, ова е второто македонско компјутерско списание присутно на пазарот во Македонија, заедно со Ентер.

Прочитај повеќе

{mosimage}НАТО ќе го прошири опсегот на своето дејствување пратејќи го модерниот свет и технологијата заради можноста од развивањето на нови начини на војување користејќи го дигиталниот свет и неговите можности. Проширувањето на своите операции ќе биде извршено преку создавање на кибер-безбедносен бункер на НАТО лоциран во Естонија.

Прочитај повеќе

{mosimage}Американската компанија AOL денеска и официјално ја заврши аквизацијата на Bebo, веб мрежата за социјално вмрежување. Со овој потег, AOL го започна процесот за создавање на својата нова бизнис мрежа наречена People Networks која ќе претставува комбинација од Bebo, AIM, ICQ како и останатите веб платформи за социјални вмрежувања кои се во сопственост на AOL.

Прочитај повеќе

{mosimage}На хакерска конференција која треба да се одржи во Jуни ова лето во Њујорк за првпат на официјално и јавно ќе се тестира концептот за следење на луѓе. Овој социјален експеримент ќе се изврши со ставање на посебни беџови во кои ќе се наоѓаат електронски направи за следење на сите присутни на оваа конференција.

Прочитај повеќе

{mosimage}По завршувањето на долгата бета фаза 3 која требаше да биде последна, но заради разни проблеми беше продолжена во бета фазите 4 и 5, Mozilla конечно се реши викендов да ја објави најновата верзија на еден од најпопуларните веб прелистувачи Firefox, поточно верзија 3.0 Release Candidate 1.

Прочитај повеќе

{mosimage}Британскиот оператор за мобилни услуги, Vodafone, кој во Велика Британија овозможува пристап преку 2G, GPRS и 3G мрежи е првата компанија во светот која како стандарден пакет почна да нуди неограничен интернет пристап за фиксна месечна цена.

Прочитај повеќе

{mosimage}Популарната онлајн компанија Amazon.com вчера поднесе тужба до државата Њујорк заради изгласување на закон кој бара од интернет компании лоцирани надвор од оваа држава да пријавуваат данок при секоја продажба. Со ваквиот чекор, државата Њујорк се очекува да се збогати со над 50 милиони US долари до крајот на 2008.

Прочитај повеќе