Kвалитетниот и брз интернет, како и услугите во мобилната телефонија, претставуваат можност за развој на повеќе области на економијата, се вели во најновиот извештај на Светската банка во кој се презентирани опсежни анализи за тоа како ИКТ влијае на економскиот раст на земјите во развој.
 
Според Information and Communications for Development 2009: Extending Reach and Increasing Impact извештајот, секое зголемување на интернет конекциите од 10%,
резултира со зголемување од 1.3% на економскиот развој. Исто така, анализите покажуваат дека мобилната телефонија е најмоќното средство за дистрибуција на јавни и приватни услуги до стотици милиони луѓе од оддалечените рурални области.

Прочитај повеќе

{mosimage} Новите правила за приватност на Facebook ќе овозможат да одбирате индивидуално кој може да ви ги чита пораките или гледа сликите на профилот. За да биде искуството на корисниците подобро за таа цел алатките за приватност се поедноставени, вели Крис Кели, одговорниот од приватноста на Facebook.

Прочитај повеќе

{mosimage} Првиот компјутер кој ќе поседува супер брз USB контролер ќе се појави до крајот на оваа година, додека на почетокот на 2010 година треба да започне масовната испорака. Тајванските производители на компјутерски хардвер ќе бидат првите што ќе стартуваат со оваа технологија.

Прочитај повеќе

{mosimage}Global Gaming Factory X ќе стане новиот сопственик на ThePirateBay.org. Сајтот е откупен од софтверската компанија за 7.8 милиони американски долари. Ова беше потврдено и од сопствениците на сајтот, кои изјавија дека “интересното нешто е тоа што правите луѓе со правилен став и желби ќе продолжат да го водат сајтот.” Продажбата ќе се финализира овој […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Технологијата за следење на окото е наменета првенствено на лицата со посебни потреби и за нивното снаоѓање во видео игрите и виртуелните светови како World of Warcraft и Second Life. Технологијата е изработена од COGAIN – мрежа финансирана од ЕУ за наоѓање технолошки решенија за лица со посебни потреби.

Прочитај повеќе

{mosimage}Како да ставиме контекст на информациите од интернетот? Како би можеле да го согледаме во целина со цел да го разбереме и научиме нешто повеќе и како да го искористиме интеренетот за додатни информации? Одговорот е преку визуелизација на информациите.

Прочитај повеќе

{mosimage}Професионално, граѓанско, истражувачко, телевизиско новинарство, друштвeни мрежи… сите овие теми можете да ги најдете на Reporters’ Center, новиот канал на YouTube наменет да го пренесе знаењето од професионалните новинари кон граѓанското и новинарите-аматери. „Како што илјадници ирански жители излегоа на улиците во Техеран да протестираат против националните избори, владата ги измава сите странски новинари, оставајќи […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Иако неодамна беа осудени за пиратерија и секој основач казнет со по 1 милион долари оштета и година дена затворска казна, сепак The Pirate Bay продолжува со својата пиратска работа. Најновото нешто од TPB е VideoBay, сeрвис кој треба да стане конкурент на YouTube. Овој сајт е во својата почетна фаза, а според најавите ќе […]

Прочитај повеќе

Воведување, развивање и одржување на систем за интероперабилност на регистрите и базите на податоци меѓу државните институции, e проектот на Министерството за информатичко општество (МИО). Интероперабилност значи администрациите да бидат поврзани меѓу себе и да си разменуваат податоци по електронски пат.

Прочитај повеќе

Иако беше надвор од сцената повеќе од 10 години, смртта на Мајкл Џексон предизвика феномен што сруши неколку сајтови, a интересот за неговата смрт го натера Google да се уплаши поради огромниот број посетители бидејќи „верувавме дека се работи за хакерски напад“, изјави Google за BBC.

Прочитај повеќе

{mosimage}Google стартуваше сајт со совети за оптимизацијата на сајтови со цел да се имаме побрз интернет.Сајтот е направен за програмерите и дизајнерите на веб сајтови и апликации за да се споделат идеите, дискутираат проблеми и советите на Google и да се едуцираат сите за начините на оптимизација на сајтовите.

Прочитај повеќе

{mosimage}При крајот на 2008 јапонскиот гигант Fujitsu го откупи делот на Siemens во заедничката компанија Fujitsu-Siemens Computers (FCS), и го започна процесот на ребрендирање на производите на FSC во Fujitsu. По тој повод, вчера во хотелот Холидеј Ин во Скопје, се одржа комерцијална презентација на брендот на која беше претставено и партнерството со NetApp и […]

Прочитај повеќе