{mosimage}Експерти во сигурносната индустрија открија "подземен" портал за продавање и размена на украдени кредитни картички за измамниците. Сајтот SellCVV2 ја користел хостинг услугата на Google – Blogspot, кое било типично место за повеќе такви портали кои промовирале украдени информации за кредитни картички, изјавува компанијата Finjan.

Прочитај повеќе

{mosimage}На свечена церемонија вчера (26.03) во Музејот на современа уметност во Скопје беше отворен Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство на земјите од Југоисточна Европа. Центарот беше отворен од министерот за култура Арифхикмет Џемаили и директорот на  УНЕСКО (Организацијата на ОН за образование, наука и култура) Коичиро Мацура.

Прочитај повеќе

{mosimage}Денеска Fedora 9 беше објавена за бета тестирање. Бета тестирањата се периоди во кои создавачот на софтвер го доставува својот програм до корисниците кои го тестираат и сите пронајдени недостатоци, забелешки ги препраќаат до создавачот со цел тој да ги имплементира во завршната верзија. Бета тестирањата се извршуваат со цел на побрз и поевтин начин […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Пристигна и следната генерација на безжичен широкопојасен систем за 3G мобилната технологија кој има брзина од 250 Mbit/секунда развиен од јапонскиот мобилен оператор NTT DoCoMo. Тестовите извршени во надворешни услови од страна на секторот за развој и истражување на компанијата во Јокосука, Јапонија ја потврдуваат брзината.

Прочитај повеќе

{mosimage}Денес, среда 26 Март, во културниот центар Точка ќе се одржи презентација по повод Денот на слобода на документите, организирана од Слободен софтвер Македонија. Ова ќе биде одбележување на првиот глобален Ден на слобода на документи, кој е поддржан од повеќе организации и компании како ODF Alliance, OpenForum Europe, IBM, Red Hat, Sun Microsystems и […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Канадската корпорација Nortel Networks победи во учеството на тендер за снабдување на безжична технологија во Индија, вреден 100 милиони американски долари. За компанијата која изминативе неколку години се обидува да се опорави од финансиските скандали кои ја потресоа, овој тендер претставува голем чекор кон подобрување на својата позиција на светскиот пазар.

Прочитај повеќе

{mosimage}И се случува повторно… Во петокот Microsoft објави дека уште еднаш низ јавноста кружи нов баг кој повторно искористува грешка на нивниот оперативен систем Windows. Компанијата објасни и дека се можни начини на пенетрација во системи и успешно извршување на малициозни намери како на пример инсталирање на злонамерен софтвер против ваша волја.

Прочитај повеќе

{mosimage}Google деновиве се придружи на Microsoft и Dell во лобирањето кон Федералната комисија за комуникации за ослободување и одобрување за користење на неупотребените ТВ канали од приватни апарати. Овие канали попознати како "бели или празни места" се добри бидејќи се простираат на големи дистанци и може да поминуваат низ разни пречки, а најважно е што […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Се чини како холивудските студиа навистина да се изморени од гледање како нивните дела се објавуваат на интернет преку разни видео сајтови и торенти  па  се решија на еден храбар чекор кој навистина ќе измени многу работи – го објавија сервисот Hulu.com кој овозможува гледање на бесплатен легален видео материјал онлајн. Сервисот беше објавен пред […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Користејќи ја услугата на LIGATT Security – spoofem.com, папараците успеале да ја злоупотребат оваа услуга и да навлезат во говорните сандачиња на двете добро познати девојки. Грегори Еванс, директорот на компанијата LIGATT Security, изјавил дека на 17 март, 2008, добиле неколку телефонски повици од страна на претставниците на двете жртви.

Прочитај повеќе

{mosimage}Инспекциските служби на Министерството за внатрешни работи и Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост започнаа со превземање на нов бран на акции против пиратеријата во Македонија. Првичните резултати беа постигнати по спроведувањето на контроли во над 10 продавници во Дебар.

Прочитај повеќе

{mosimage}Денеска во Скопје ќе се оддржи завршната конференција за проектот "Е-училиште" организиран од Владата на Македонија од американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД). Проектот "Е-училиште" е вреден над осум милиони долари и како своја цел има да го подобрува квалитетот на наставата и да овозможува користење на ИКТ од страна на наставниците и учениците во […]

Прочитај повеќе