{mosimage}Арангел Ангов исто така познат како "Ufo" помеѓу членовите на Linux заедницата во Македонија, вчера на својот блог објави пост во кој ги повикува сите оние кои можат да помогнат со превод од англиски на македонски да се приклучат во проектот чија цел е да се изврши локализација на Ubuntu – популарна дистрибуција на Linux […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Криминалните активности на интернет во последната година, според истражувањето "Internet Crime Report 2007" кое се однесува на пријави базирани во САД, спроведено од Crime Complaint Center (IC3)  и ФБИ покажува загуби од сајбер криминал од околу 239 милиони американски долари, сума за 40 милиони поголема од онаа во претходната година.

Прочитај повеќе

{mosimage}Брачен пар од Питсбург, САД поднесе тужба против гигантот Google тврдејќи дека преку објавување на снимки од нивната куќа во Google Earth и Street View апликациите, компанијата им ја има нарушено нивната приватност. Тужбата беше поднесена во среда, а брачниот пар Боринг изјави дека и повеќе од јасно е дека им се нарушени правата.

Прочитај повеќе

{mosimage}Microsoft во соопштение објавено вчера изјави дека планира во вторникот, 8 Април, да објави 8 нови закрпи за својот софтвер. Според системот за рангирање на компанијата, 5 од нив се "критични" додека 3 се рангирани како "важни". Закрпите се однесуваат на Microsoft Office апликациите, Windows и Internet Explorer.

Прочитај повеќе

{mosimage}Неочекувано од McAfee – експеримент наречен The S.P.A.M. кој ќе трае еден месец во кој група на 50 доброволци од 10 земји ќе земат активно учество, односно ќе бидат спамирани секој ден и ќе ги блогираат своите искуства со цел да ја прикажат вистинската опасност која може да произлезе од спамот.

Прочитај повеќе

{mosimage}Вчера во вечерните часови Apple објави 11 QuickTime закрпи за двете верзии – и за Windows и за Mac оперативните системи. Компанијата истакнa дека само 2 од грешките би можеле да дозволат на хакери да извршат напад врз корисничкиот компјутер, а другите не биле толку сериозни.

Прочитај повеќе

{mosimage}Вчера компанијата Intel ги објави своите нови "Aтом" процесори кои главно се планирани да се користат во мобилни интернет уреди (џебни компјутери). Чиповите беа објавени во Шангај за време на настанот "Intel Developer Forum". Проектот кој до сега носеше кодирано име "Silverthorne" е успешно завршен со објавување на пет варијанти на процесори.

Прочитај повеќе

{mosimage}Yahoo! изјави дека во следните неколку дена дел од корисниците на нивниот е-маил сервис во одредени периоди нема да можат да пристапат до своите е-маилови бидејќи техничкиот оддел на компанијата извршува рутинска проверка и поправка на серверите започнувајќи од 31 март со цел да го подобри и забрза сервисот.

Прочитај повеќе

{mosimage}Пред само неколку дена, Engadget – популарен сајт кој објавува вести и рецензии за електронски производи и има добиено голем број на награди, во својата пошта доби малку необично писмено предупредување од страна на Deutsche Telekom, сопствениците на T-mobile брендот.

Прочитај повеќе

{mosimage}Google денеска го претстави својот револуционерен сервис за Gmail наречен Gmail Custom Time, кој дозволува на членови при испраќање на е-маил да ги внесат датумот и часот на испраќање со што на своите корисници им овозможуваат "никогаш повеќе да не задоцнат" со своите обврски.

Прочитај повеќе

{mosimage}Добро познатиот компјутерски црв StormWorm, според истажувачот Хозе Назарио од Arbor Networks, се враќа во нова примамлива кампања, овојпат користејќи го денот на шегата – 1ви Април. Кампањата се тврди дека започнала пред неколку часови, доколку неговата припрема траела последните неколку денови.

Прочитај повеќе

{mosimage}Вчера на македонскиот портал на Криејтив комонс беше објавен во електронска верзија романот "Мојот Скендербеј" од македонскиот професор, преведувач и писател д-р Драги Михајловски. Со објавувањето на ова дело на интернет авторот ја заврши дигитализацијата на своите дела која траеше цели два месеци.

Прочитај повеќе