Што е најинтересното што се случи во ИТ светот минатата година? Кои беа најинтересните видео игри во изминатата 2008? А кои најдобри .мк проекти? Најдобриот интернет гаф во 2008? Членовите на IT.com.mk форумот гласаа, а за разултатите „скролајте надолу“… :-) Намерно почекавме со статијава, за да навлеземе малку во 2009 година, која започна возбудливо со […]

Прочитај повеќе

{mosimage}На 23 декември, во Стопанската комора на Р. Македонија, се одржа изборот за Наградата на Светскиот самит за информатичко општество (World Summit Awards), организиран во Македонија од Фондацијата Метаморфозис. По неколку часовната презентација на проектите пред мултидисциплинарното жири, беа избрани победници во осум категории.

Прочитај повеќе

{mosimage}Спотот за промоција на Македонија „Мacedonia timeless” веднаш предизвика контраверзност. Се развија дискусии од видот: ги нема албанското малцинство, има технички грешки во спотот … Но ќе се задржам на ова – 192.000 евра вредниот плагијат? Ден по објавувањето на спотот (четврток), по првите импресии кои беа позитивни, низ вестите на македонските традиционални медиуми (читај: […]

Прочитај повеќе

Linux кернелот е делот кој се нарекува срцето на GNU/Linux оперативниот систем. Тоa беше онаа последна состојка за реализирање на сонот на Ричард Сталман (Richard Stallman), односно за создавање на оперативен систем кој ќе биде слободен софтвер. Кернелот во денешно време се одржува од многу програмери кои целат да го подобрат во секој аспект и да го направат по-компатибилен со секој вид на хардвер.

Прочитај повеќе

{mosimage}Повеќе од 15 часа сајтот на Microsoft Македонија наместо досегашните содржини во левото мени го содржи неколку пати зборот “Tatabon”, иаку линковите сеуште се валидни и поврзани со внатрешните содржини на сајтот. Дали се работи за некаква внатрешна активност и досредување на сајтот или пак microsoft.com.mk е хакиран?

Прочитај повеќе

{mosimage}Вчера на презентација во Скопје, мобилниот оператор ВИП во соработка со Уни банка претстави нова услуга наречена “E-top up” која овозможува купување на припејд кредит преку интернет. На настанот, кој беше организиран со цел промовирање на електронската трговија во Македонија, во живо беше извршена првата трансакција. Корисниците, засега само оние кои поседуваат MasterCard картичка, ќе […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Наградата на светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на е-содржини и проекти и е организирана од страна на Обединетите Нации. Секоја втора година по ред, започнувајќи од 2003, во над 160 земји ширум светот се одвиваат национални избори чии победници подоцна продолжуваат на еден глобален натпревар.

Прочитај повеќе

{mosimage}Во Охрид се одржа работилница за борба против е-криминалот на која што беше речено дека е-криминалот во Македонија е во почетна фаза, но дека брзо се шири иако досега има пријавено само 10 предмети за фалсификувани кредитни картички. „Од овој специфичен вид криминал, најприсутна е компјутерската измама, преку користење фалсификувани кредитни или дебитни картички и […]

Прочитај повеќе

{mosimage}На вчерашната прес конференција во Скопје, македонската компанија ИНет која се занимава со дистрибуција и имплементација на компјутерска, мрежна и комуникациска опрема, ја најави својата промоција во официјален дистрибутер на софтверски решенија на IBM. Исто така беше најавена и инвестицијата од страна на фондот SIF во компанијата.

Прочитај повеќе

{mosimage}Владата на Република Македонија на својот официјален сајт објави дека американскиот гигант во информатичката технологија Intel ќе инвестира во образованието во Македонија, за што вчера во Сан Франциско Владата на Република Македонија и компанијата потпишале Меморандум за разбирање.

Прочитај повеќе

{mosimage}Израелско-палестинската компанија која развива бесплатен „виртуелен компјутер“ ќе го интергрира и Twitter во нивниот онлајн базиран оперативен систем. G.ho.st со нивниот веб ОС им даваат шанса на корисниците да користат голем број на апликации интегрирани во системот, кој се уште е во бета фаза.

Прочитај повеќе

{mosimage}Владина делегација ќе ги посети бизнис форумите во Чикаго и Сан Франциско во САД со намера на воспоставување на бизнис релации со ИТ фирмите на кои ќе им биде преставена климата за инвестирање во Македонија. И двата града се значајни места овие денови. Во Чикаго, Барак Обама новиот претседател на САД го одржа победничкиот говор. […]

Прочитај повеќе