{mosimage}Денеска (28 Март) во 14 часот во просториите на Градската библиотека "Браќа Миладиновци" во Скопје, се одржа промоција на четиринаесет книги од едицијата "Блог – записи", а како нивни промотори беа основачот и уредник на македонскиот блогерај Сашо Мацановски – Трендо и Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми.

Прочитај повеќе

{mosimage}Бесплатната апликација со канцелариски програми OpenOffice.org вчера ја претстави својата најнова верзија 2.4. Најновата верзија е достапна за превземање за оперативните системи Windows, Linux и Mac OS X. Новата верзија на OpenOffice.org вклучува голем број на подобрувања, закрпи за сигурносни грешки и подобрена функционалност.

Прочитај повеќе

{mosimage}MacBook Air – најтенок лаптоп во светот, неодамна претставен од страна на Apple на  натпреварот Pwn 2 Own беше успешно хакиран за само две минути од страна на независни истражувачи на компјутерска сигурност. Натпреварот е спонзориран од страна на компанијата TippingPoint.

Прочитај повеќе

{mosimage}Еден од најпопуларните торент сајтови, TorrentSpy.com и официјално го објави својот крај по жестоките дуели со Motion Picture Associаtion of America (MPAA). Создавачот на сајтот, Џастин Бунел изјави дека самостојно го прекинува работење на сајтот низ целиот свет.

Прочитај повеќе

{mosimage}Непрофитната фондација Wikimedia која стои позади Wikipedia.com – онлајн енциклопедија која го измени начинот на кој се доаѓа до информации во светот, доби донација од 3 милиони американски долари, што е до сега најголема донација која оваа организација ја има добиено. Донацијата е од Alfred P. Sloan фондацијата.

Прочитај повеќе

{mosimage}На официјалниот блог на Google, менаџерот за продукти Трејси Чан во својот најнов пост ја претстави новата алатка која е имплементирана во YouTube и која овозможува на луѓето кои имаат закачено видеа на сајтот да прегледуваат детални статистики за нивните видеа. Алатката е достапна за користење од страна на корисниците, партнерите и на оние кои […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Експерти во сигурносната индустрија открија "подземен" портал за продавање и размена на украдени кредитни картички за измамниците. Сајтот SellCVV2 ја користел хостинг услугата на Google – Blogspot, кое било типично место за повеќе такви портали кои промовирале украдени информации за кредитни картички, изјавува компанијата Finjan.

Прочитај повеќе

{mosimage}На свечена церемонија вчера (26.03) во Музејот на современа уметност во Скопје беше отворен Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство на земјите од Југоисточна Европа. Центарот беше отворен од министерот за култура Арифхикмет Џемаили и директорот на  УНЕСКО (Организацијата на ОН за образование, наука и култура) Коичиро Мацура.

Прочитај повеќе

{mosimage}Денеска Fedora 9 беше објавена за бета тестирање. Бета тестирањата се периоди во кои создавачот на софтвер го доставува својот програм до корисниците кои го тестираат и сите пронајдени недостатоци, забелешки ги препраќаат до создавачот со цел тој да ги имплементира во завршната верзија. Бета тестирањата се извршуваат со цел на побрз и поевтин начин […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Пристигна и следната генерација на безжичен широкопојасен систем за 3G мобилната технологија кој има брзина од 250 Mbit/секунда развиен од јапонскиот мобилен оператор NTT DoCoMo. Тестовите извршени во надворешни услови од страна на секторот за развој и истражување на компанијата во Јокосука, Јапонија ја потврдуваат брзината.

Прочитај повеќе

{mosimage}Денес, среда 26 Март, во културниот центар Точка ќе се одржи презентација по повод Денот на слобода на документите, организирана од Слободен софтвер Македонија. Ова ќе биде одбележување на првиот глобален Ден на слобода на документи, кој е поддржан од повеќе организации и компании како ODF Alliance, OpenForum Europe, IBM, Red Hat, Sun Microsystems и […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Канадската корпорација Nortel Networks победи во учеството на тендер за снабдување на безжична технологија во Индија, вреден 100 милиони американски долари. За компанијата која изминативе неколку години се обидува да се опорави од финансиските скандали кои ја потресоа, овој тендер претставува голем чекор кон подобрување на својата позиција на светскиот пазар.

Прочитај повеќе