Vip Android предизвикот е натпревар за креирање Android апликации. Сите девелопери од Македонија се поканети да учествуваат во натпреварот, а најдобрата апликација ќе добие 500.000 денари и HTC Desire мобилен телефон. Второто место ќе добие 150.000 денари и HTC Legend, а сите одобрени апликации од Android Store ќе добијат HTC Tattoo.

Прочитај повеќе

Google ќе ви шепка реклами во уво додека зборувате по телефон. Телефонот е бесплатен, користи софтвер за препознавање на глас, и кога ќе чуе клучен збор ви шепнува таргетирана реклама.

Прочитај повеќе

Како и своите конкуренти Apple ќе овозможи синхронизација на Fаcebook контактите во iPhone, пренесува Business Insider, додавајќи дека тоа ќе биде откриено на 7 јуни на Apple конференцијата за девелопери каде ќе се престави и новиот iPhone.

Прочитај повеќе

Square е апликација за трансакции преку мобилен телефон која од денес е достапна за iPhone и Аndroid. Идејата е едноставна. Вие сте во ресторан и е време да платите, преминувате со кредитната картичка преку малиот коцкаст читач закачен на мобилен телефон на трговецот, трансакцијата се процесира, се потпишувате на мобилниот, можете да го сликате тоа […]

Прочитај повеќе

Кој вели дека iPhone OS, Android и Windows Mobile не можат да се спојат? прашува девелоперот Steffest при тоа држејќи во рацете гитара составена од 5 паметни телефони: 2 Andorid уреди, 2 Windows Mobile уреди и eден iPod Touch. Секој телефон има своја музички базирана апликацијата, секоја поврзана со звучници кои се трупот на гитарата.

Прочитај повеќе

Германската компанија HMB TEC изработи неколку апликации и додатоци како од телефон да направите вентилатор бидејќи се ближат топли денови, ласер бидејќи секогаш мора да се има ласер и факел бидејќи е кул.

Прочитај повеќе

iPhone апликација на веб туристички водич Tripwolf доби опција за прегледување на проширената реалност. Апликацијата содржи информации за 50.000 градови и туристички места, и тоа што е интересно е што работи во офлајн мод, без потреба да трошите интернет за да се ориентирате.

Прочитај повеќе

Google Goggles е апликација за Android 1.6+ мобилните телефони која користи слики за да го пребарува интернетот. Пример, во уметничка галерија сте, со вашиот телефон сликате уметничко дело и со помош на Goggles го пребарувате Google за историјата и авторот на делото.

Прочитај повеќе

Microsoft Communicator Mobile за E52 И E72 Nokia телефоните е првата апликација од партнерството меѓу двете компании.

Прочитај повеќе

Nokia го стартуваше Ovi App Wizard бета сервисот кој овозможува секој корисник, без претходно програмерско познавање, да си направи своја мобилна апликација за Nokia телефоните. При креирање на апликацијата корисникот може да си вметне и реклами или да одбере цена на таа апликација.

Прочитај повеќе

Холандската Layar ја стартуваше првата продавница за мобилни апликации со проширената реалност нудејќи им можност на девелоперите преку Layar Reality Browser да понудат платено искуство во проширената реалност на повеќе мобилни платформи како iPhone или Android.

Прочитај повеќе

200.000 апликации на Apple App Store докажуваат дека Flash не е неопходен за десетина илјади девелопери да креираат графички богати апликации, вклучувајќи ги и игрите, вели Стив Џобс во отворено писмо во кое објаснува зошто Flash го нема на Apple-овите мобилни уреди.

Прочитај повеќе