One ја објави листата на 279-те Android апликации кои се пријавија на предизвикот. Но, ова не значи дека имаме толку апликации, туку дека тој е бројот на пријавени идеи, предлози за апликации кои имаат време до 19 ноември да се реализираат со цел да преминат во вториот дел од натпреварувањето. Се сеќавате на Vip предизвикот се пријавија 212 апликации, на крај се реализираа „само“ 89.

Прочитај повеќе

Skype сега може да се користи на Android, но само на телефон со Android 2.1 верзија или нагоре. Со Skype за Аndroid ќе можат да се прават Skype на Skype разговори како и текстуалното допишување преку IM. Доколку се врти на телефони (преку Wi-Fi и 3G) тоа ќе биде наплатено според Skype кредитите.

Прочитај повеќе

Vip Хрватска во соработка со Nokia стартува предизвик за хрватските програмери да креираат Symbian апликации во WRT или Qt фрејмворк.

Прочитај повеќе

Google додаде уште дваесетина земји, вкупно 29, од каде развивачи на апликации можат да се регистрираат со Google Checkout и да продаваат апликации. Меѓу новите додадени земји се Норвешка, Белгија, Канада, Данска, Финска, Шведка, Русија… целата листа тука.

Прочитај повеќе

Претходно беше неуспешна продавница, а сега google.com/phone адресата води кон галерија на сите Android телефони од разни производеители. Сите телефони се со Google продукти: Google Search, Gmail, Maps, YouTube…

Прочитај повеќе

ЕУ инвестира 14 милиони евра во Webinos проектот чија цел е да направи платформа за креирање универзални апликации за мобилни, PC, телевизија и уреди во автомобили. Проектот го води Институтот Фраунхофер, односно истата група научници кои го развија MP3 форматот.

Прочитај повеќе

<Надополнето 24.09.10> Најновиот iPhone е достапен во Македонија. Повеќе инфо на страната на t-mobile.mk.

Прочитај повеќе

Vip конечно ја објави листата на сите апликации кои учествуваа на натпреварувањето. Покрај двете победнички Android апликации, третото место го поделија 78 апликации. Сите апликации се на македонски и се бесплатни, па доколку користите Android ќе ги најдете на Android пазарот. Симнете, тестирајте ги и пишете ни што мислите!

Прочитај повеќе

Techcrunch објави дека друштвената мрежа прави свој софтвер за мобилни телефони. ИТ блогот се повикува на анонимни извори велејќи дека мрежата ќе го следи примерот на Apple, односно ќе направи свој софтвер, а некоја друг производител ќе го направи хардверскиот дел од телефонот.

Прочитај повеќе

Android апликацијата ПоправиMK го освои првото место и 500.000 денари на Vip Android предизвикот. Spot me беше второ наградената апликација со 150.000 денари. Третото место го поделија 78 апликација кои добија по еден мобилен телефон HTC Tattoo. Листата на апликации ќе биде објавена наскоро на сајтот на Vip.

Прочитај повеќе

Доколку има друг мобилен оператор кој е заинтересиран за македонскиот пазар, ќе може да ја искористи инфраструктурата и мрежите на веќе постоечките оператори со што ќе стане „виртуелен“ оператор, беше објавено од Министерството за транспорт и врски.

Прочитај повеќе

Во изработка е македонска тастатура за Android, односно екстензија за AnySoftKeyboard апликацијата. AnySoftKeyboard е избрана бидејќи има разни опции за подесување, опции кои други македонски android тастатури ги немаат, на пример, вибрација, звук при пишување, менување на QWERTY во ЉЊЕРТС со брз покрет, речник на зборови…

Прочитај повеќе