{mosimage}Друштвената мрежа која континуирано бележи успех ширум светот, Hi5.com продолжува со своето интернационално проширување со објавување на 10 нови преводи на својата веб платформа, вклучувајќи го и македонскиот јазик. Дејствувајќи на ист начин како Facebook, Hi5.com им дозволи на своите корисници самите да ја преведат страната.

Прочитај повеќе

Читајќи го текстот „Интернет кафулињата се преполни со гејмери“ на страната на А1, неможев да се воздржам и да не го прокоментирам. На кратко, текстот ги карактеризира гејмерите како луѓе кои
висат по цели денови по интернет кафеа и играат агресивни игри во кои треба да се пука, руши и убива по што и самите стануваат агресивни и губат чувство за тоа што е реално, а што виртуелно. А да, во текстот има и мислења од „експерти“.

Прочитај повеќе

{mosimage}Комората за информатичко-комуникациски технологии и услуги (ИКТ Комора) при Сојузот на стопански комори на Македонија поднесе барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата кој се основа на член 30, став 1 од Законот за заштита на конкуренцијата. Целта на ова барање е да се поведе постапка против Македонски Телеком А.Д. заради злоупотреба на концесијата што […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Во неделата, на 8 јуни, во организација на Netcetera – Скопје, во сајбер-клубот Ентернет се одржа овогодишното финале на натпреварот во програмирање CodeFu. На наша голема радост, првите три места ги освоија нашите студенти – колеги [редоследно]: Панче Чавковски, Никола Постолов и Иван Миланов.

Прочитај повеќе

{mosimage}Вчера во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржа Македонско-естонска ИКТ конференција организирана од министерот за информатичко општество М-р Иво Ивановски, каде што естонските претставници од ИКТ индустријата ги презентираа своите компании. Конференцијата беше отворена со говорите на министерот Ивановски, министерот за странски инвестиции Глигор Ташковиќ и естонскиот пратеник Ханес Асток.

Прочитај повеќе

{mosimage}На пригодна свеченост во Средното општинско економско училилиште во Гостивар денеска беа ставени во функција 800 компјутерски работни станици, како дел од проектот на Владата „Компјутер за секое дете“. На свеченоста присуствуваа Министерот за информатичко општество Иво Ивановски и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Прочитај повеќе

{mosimage}На 20-ти мај на голем број продажни места во Македонија беше објавено новото списание за компјутери, Click. Содржано од 92 страници и со цена од 90 денари, ова е второто македонско компјутерско списание присутно на пазарот во Македонија, заедно со Ентер.

Прочитај повеќе

{mosimage}Еден од најпопуларните македонски забавни портали кој веќе три години е присутен на веб просторот, вчера го претстави својот нов изглед кој тежнее кон последните веб 2.0 трендови. Порталот Кајгана иаку со нов дизајн, сепак ги задржува главните стари и добро познати категории, но сега малку подсредени и надополнети.

Прочитај повеќе

{mosimage}По објавување на плановите за свое ребрендирање од Македонски телекомуникации (МТнет) во T-Home брендот на Дојче Телеком и менување на своето трговско име во Македонски Телеком – акционерско друштво за електронски комуникации, компанијата најави и дека од 4 мај е-маил корисниците на сервисот на МТнет (@mt.net.mk) ќе имаат нов домен, @t-home.mk.

Прочитај повеќе

{mosimage}Швајцарската компанија Netcetera која има свое претставништво во Скопје, и оваа година го организира натпреварот по програмирање CodeFu и ги поканува сите студенти, апсолвенти и постдипломци да се пријават и да ги покажат своите способности. Пријавувањето се врши преку сајтот CodeFu.com.mk и сите заинтересирани можат да се пријават до 19 Април.

Прочитај повеќе

{mosimage}Арангел Ангов исто така познат како "Ufo" помеѓу членовите на Linux заедницата во Македонија, вчера на својот блог објави пост во кој ги повикува сите оние кои можат да помогнат со превод од англиски на македонски да се приклучат во проектот чија цел е да се изврши локализација на Ubuntu – популарна дистрибуција на Linux […]

Прочитај повеќе

{mosimage}Вчера на македонскиот портал на Криејтив комонс беше објавен во електронска верзија романот "Мојот Скендербеј" од македонскиот професор, преведувач и писател д-р Драги Михајловски. Со објавувањето на ова дело на интернет авторот ја заврши дигитализацијата на своите дела која траеше цели два месеци.

Прочитај повеќе