One ги објави сите апликации кои ќе учествуваат на Android предизвикот. Има вкупно 64 пријавени апликации и сите нив, заедно со авторите ќе можете да ги погледнете тука. Доколку имате Android телефон симнете си ги и тестирајте ги.

Прочитај повеќе

На почеток цените ќе бидат исти како и кај другите оператори, потоа ќе ги намалиме согласно иновациите што ќе ги воведеме, вели Ханс ван Хелден, претседателот на холандската World Teleconnect International која ќе биде нов оператор во Македонија, кој ќе работи виртуелно, користејќи ги мрежите на другите три оператори.

Прочитај повеќе

Се случи неверојатен инцидент со А1 телевизијата, заради се уште нејасни причини, но за да не навлегуваме во дневно политички теми како ИТ медиум, повеќе ќе прочитате по весниците.

Прочитај повеќе

Во последните две недели на Facebook започна иницијатива за поставување на профил слика од омилениот цртан јунак од детството. Многу корисници веднаш ги заменија своите профил слики со Мики Маус, Душко Долгоушко, Твити, Којотот, Калимеро и други цртани јунаци со цел да учествуваат и да се потсетат себе си и своите пријатели на безгрижните денови од детството.

Прочитај повеќе

Ах Facebook за некои непотребен, за сите други пасија, за трети инспирација за да се рапува за неа. Македонскиот рапер NikleMan има песна за Facebook, за нотификациите, за сликите… за како „сега е нов ден мора на Facebook да се ставам“ и дека „го ставив во standby и заборавив на една фотка да ставам Like”.

Прочитај повеќе

Краткиот филм снимен со мобилен „Гумата и цртежот” на Бојан Стојчевски е добитник на наградата „Лале“ за најдобар филм на првиот македонски фестивал за мобилни филмови Mobile Festival.

Прочитај повеќе

Сите студенти кои сакаат да аплицираат за стипендија ќе можат да го направат тоа преку електронска пријава на http://mon.gov.mk/, сајтот на Министерството за образование и наука (МОН).

Прочитај повеќе

Сите камиони и автобуси кои превезуваат низ Европа ќе мора да имаат мемориски картички и дигитални тахографи кои ќе ја мерат брзината на возилото низ целиот пат, колку време е возено и колку време одмарало, пишуваат .мк медумите.

Прочитај повеќе

Инстант пребарувањето на Google сега е достапно за уште 18 земји, меѓу кои и соседните Бугарија, Хрватска, Грција и Србија. Тоа би можело да значи дека наскоро, можеби за месец-два, ќе има инстант пребарување и на Google.mk пребарувачот.

Прочитај повеќе

На неодамнешниот IEEEXtreme натпреварот за програмирање два македонски тимови од ФЕИТ освоија одличен резултат. Тимот А: Јордан Паликрушев, Бојан Костадинов и Игор Кулев го освои четвртото место, а тимот Б: Мите Митрески, Бојана Поповска и Никола Судијовски го освоија осумдесет и четвртото место на интернационалниот натпревар на кој учествуваат 970 екипи со преку 2.700 учесници од целиот свет.

Прочитај повеќе

Според некои балкански новини Pay Pal услугата за плаќање ќе биде достапна во Србија, и најверојатно во Македонија во 2011 година, постира Krkac.

Прочитај повеќе

Според македонскиот претседател Иванов инвестирањето во информатичките технологии и нивно интегрирање во секојдневието ќе овозможи демократско и инклузивно општество.

Прочитај повеќе