Ограбена Комерцијалан во Кисела Вода!! пред 5 минути!!! – твита @anjaethno. Твитот беше ретвитан од неколку твитерџии со што информацијата за многу бргу време дојде до многу луѓе.

Прочитај повеќе

Деветнаесет медиуми и портали се договорија на принципи и стандарди за меѓусобно превземање и споделување содржина. Иницијативата, објавена во Утрински весник, e последица од незадоволството на медиумите како нивната содржина се превзема од одредени портали и агрегатори на вести. Првичната иницијатива од јануари не беше соодветно направена и беше критикувана бидејќи пред се ги заштитуваше медиумите, без да ги заштити и веб сајтовите, но… се чини дека оваа иницијатива е поконкретна со поспецифицирани правила.

Прочитај повеќе

Со цел да го промовира и објасни начинот како функционира онлајн шопингот, а со тоа и да го промовира истиот, TC.mk стартуваше кампања – 1 брендирана шоља за 1 денар со бесплатна испорака.

Прочитај повеќе

Анкетата е мотивирана од текстот на BBC каде 79% од луѓето ширум светот веруваат дека интернетот е основно човеково право. Во нивната анкета беа изоставени македонските корисници па затоа поставивме наш прашалник – „Дали интернетот е основното човеково право?“
 
Резултатите се дека 81.1 отсто од 238 посетители (или 193 посетители) веруваат дека интернетот е основно човеково право. Од нив 8 отсто веруваат дека секој човек мора да има можност да чита и да споделува информации. Можеби најголемиот аргумент е што интернетот дозволува глас на луѓето, секој да може да си го каже тоа што го мисли.

Прочитај повеќе

0.mk, македонски сервис за кратење линкови, објави нова верзија од сервисот. Покрај новиот дизајн, додаден е блог за новостите, изменета е опцијата за прегледување на линкови, а додадена е можност да се пријави линк доколку е погрешен или ги прекршува правила.

Прочитај повеќе

Mojakariera.com.mk го стартуваше вториот саем за кариера „E-Career Fair” кој трае целава недела. На онлајн саемот студентите и сите заинтересирани можат да учестуваат во чатови во живо со преставници од македонските компании и симулации за интервјуа, со тоа нудејќи им можност да започнат да си ја градат кариерата.

Прочитај повеќе

Отворениот пристап претставува слободна достапност на дигитални содржини на интернет, пишува фондацијата Метаморфозис која започна да промовира презентации на македонските факултети за како да се воспостави отворен систем на институционално ниво.

Прочитај повеќе

Сигурно чувте за интернет во автобуси, звучи како интересен проект, но реалноста бара многу попрактични решенија кога се работи за јавниот превоз.

Нарекувајќи го „ЈСП/Таxi Мобиле“, Горјан Јовановски направи ефикасна мобилна верзија на страната на ЈСП. Преку мобилните страни кои се направени да не трошат многу интернет можат да се најдат термините кога и каде пристигаат скопските автобуси. Доколку не ви се чека, тогаш преку истиот сајт разгледувате броеви на такси служби.

Прочитај повеќе

Нервозни сте, лути на некој, нешто ве мaчи? Тогаш Испразни се! Овој сајт е интересна идеја. Не само што можете слободно да се испукате на интернет, без некој да ви се налути или да има последици, туку преставува и интересен сајт за забава. Има навистина интересни коментари од секојдневието.

Прочитај повеќе

На Twitter се појавија лавина критики за МАРНет, македонскиот регистар за интернет поддомени како .mk, .com.mk, .org.mk домен…Критиките од корисниците се многу и разновидни. Се чини проблеми со МАРНет има многу и се чини дека сега за сега нема да се решат.

Прочитај повеќе

Што би правеле без интернет? Дали интернетот е најголемата моќ што сте ја имале вие како индивидуа? Овие прашања ги поставуваме само 20 години од постојањето на интернетот. За само 20 години над 1.7 милијарди луѓе се онлајн. 79 отсто од нив веруваат дека интернетот е основно човеково право. Преку мрежата влијаеме на секојдневието. Стануваме свесни за нови информации и искуства и отворено комуницираме со други култури.

Прочитај повеќе

Или ќе се отвара нов факултет за информатика или пак Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и Иститутот за информатика од Природно математичкиот факултет (ПМФ-ИИ) ќе се спојат во еден факултет – ФИНКИ, кратенка за Факултет за информатички науки и компјутерски инженеринг, пишува Мартин Спасовски, блогер и студент на ПМФ кој заедно со 30-тина студенти присуствувал на средба со Министерството за Образование на која се објаснила ситуацијата.

Прочитај повеќе