ИТ.МК

3.892 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

СПОНЗОРИРАНО
1
Од WhatTheStack Вести ИТ настани

WhatTheStack 2026 по третпат ја обединува технолошката заедница во Скопје

Од 14 до 19 септември, Скопје повторно ќе биде центар на домашната и европската технолошка заедница. Третото издание на интернационалната конференцијата WhatTheStack 2026 ќе понуди шестдневна програма исполнета со предавања, практични работилници, специјализирани технолошки настани и можности за поврзување и размена на знаење на повеќе локации. Програмата започнува уште на 14 септември со работилници и […]

0 коментари Прочитај 7 септември, 2026
СПОНЗОРИРАНО
1
Од ACCEPT Finance Market Вести ИТ настани

ACCEPT Finance Market – прв регионален саем за сметководство, финансии и технологија

ACCEPT Finance Market, првиот регионален саем за сметководство, финансии и технологија, ќе се одржи на 16 октомври 2026 година на Загрепскиот велесаем и на едно место ќе обедини пет индустрии: финансии и сметководство, ИТ, човечки ресурси и академската заедница. Вештачката интелигенција и автоматизацијата најбрзо ги менуваат токму оние професии кои до неодамна беа синоним за […]

0 коментари Прочитај 4 септември, 2026
Редакција
2
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК Мобилни

Starlink Mobile наскоро во Македонија преку новиот телеком One

SpaceX и 4iG постигнаа договор за воведување на Starlink Mobile во дел од Централна Европа и Западен Балкан. Во планот е и Македонија, каде следната генерација Starlink Mobile V2 треба да стане дополнување на мобилната мрежа што ја гради One Macedonia. Според објавата на Starlink и официјалното соопштение на 4iG, првата генерација на услугата ќе […]

0 коментари Прочитај 2 септември, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа ИТ.МК

Векослав Стефановски: AI нема да ги замени програмерите, но ќе мора да станеме подобри инженери

Што останува од професијата програмер кога AI веќе може за неколку секунди да напише функција, да поправи баг, да генерира тестови или да склопи цела апликација? Одговорот на Векослав Стефановски е прилично едноставен: програмерите нема да исчезнат. Но летвичката ќе се крене. Токму околу ова прашање се врти седмата епизода на македонскиот подкаст „Во Изработка“, […]

0 коментари Прочитај 2 септември, 2026
Редакција
1
Avatar photo AI Редакција Вести ИТ.МК

„Безбеден град“ сега ќе ги лови и моторџиите

Министерството за внатрешни работи успешно го имплементира системот „Безбеден град“, со кој се подобрува детекцијата на сообраќајни прекршоци, особено кај мотоциклистите. Министерот Панче Тошковски истакна дека само во првиот ден примената на системот, пријавени се околу 9 прекршоци за недозволена брзина, одговарајќи на новинарските прашања за ефективноста на техничките контроли. Тошковски нагласи дека основната цел […]

0 коментари Прочитај 2 септември, 2026
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Панче Исајески: Со AgentaOS не ви требаат компании во Делавер или Естонија

Секој кој се обидел да лансира сопствен производ или SaaS од Македонија, релативно брзо станува свесен за проблемите. Еден од најголемите проблеми останува прифаќањето на глобалните плаќања со картичка, без различни експерименти од типот на отворање на компании во Делавер или Естонија. Токму ова е инспирацијата на претприемачот Панче Исајески да ја креира AgentaOS. AgentaOS […]

0 коментари Прочитај 1 септември, 2026
Редакција
2
Avatar photo IT.mk редакција Вести Вештачка интелигенција

Неделава накратко: Temu не запира, автобусите конечно се следат во живо и технологијата повторно решава проблеми што некој друг требало да ги реши

Има недели кога на форумот се дискутира за нови процесори, графички картички и AI модели. А има недели кога најважното прашање е дали тоа што си го нарачал од Temu навистина ќе стигне, дали автобусот навистина доаѓа и дали СМС пораката што си ја добил за Safe City е казна или само уште една измама. […]

0 коментари Прочитај 29 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски ИТ.МК

Kriminal.mk ги претвора полициските билтени во прегледни податоци

Семејно насилство, помеѓу 18 и 24 часот во среда, Скопје и извршителот е маж од 31 до 45 години. Ова се податоците за некаков виртуелен најчест криминал во Македонија. Податоците доаѓаат од Kriminal.mk кој визуелно ја доловува сликата за криминал во Македонија. Kriminal.mk е агрегатор на податоци за криминалот во Македонија. Податоците се собираат од […]

0 коментари Прочитај 27 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo Бојан Стојковски Интервјуа ИТ.МК

Симеон Маркоски ја гради OptaReach со две смени дневно, без инвестиција и против глобални конкуренти

Секое утро Симеон почнува со работа во 8 часот. До 15 часот е првата смена, потоа следи пауза за одмор и теретана, а во 18 часот почнува втората смена која најчесто трае до полноќ, а понекогаш и подолго. Така изгледа секојдневието на овој 25-годишниот програмер од Скопје кој истовремено е и основач, продукт менаџер, човек […]

0 коментари Прочитај 21 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo AI Редакција Вести ИТ.МК

Сè што треба да знаете за е-фактурата: што се менува за македонските компании

Електронското фактурирање во Македонија влегува во нова фаза. Системот „е-Фактура“ на Управата за јавни приходи веќе се тестира, а институциите го најавуваат како една од клучните реформи во дигитализацијата на даночниот систем и борбата против сивата економија.  За компаниите, промената значи дека фактурирањето повеќе нема да биде само прашање на испраќање PDF документ по е-пошта. […]

0 коментари Прочитај 19 август, 2026
Редакција
2
Avatar photo IT.mk редакција Вести ИТ.МК

Приклучи се на Мапирањето на ИТ индустријата во .мк – издание 2026

Дали платите во ИТ индустријата сè уште растат? Колку е тешко денес да се најде работа како практикант или јуниор? Колку луѓе реално користат AI секој ден? Сè уште ли сакаме да работиме remote или се враќаме во канцеларија? Кои технологии растат, а кои полека исчезнуваат? И можеби најважното прашање: Каква е реалната состојба на […]

8 коментари Прочитај 14 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести ИТ.МК

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Узбекистан 

Од 9-ти до 16-ти август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на  алгоритамското програмирање. Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни  резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков […]

0 коментари Прочитај 14 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Е-трговија ИТ.МК

Google од 1 септември ќе наплаќа ДДВ за апликации во Македонија: Што значи ова за корисниците и девелоперите?

Google денеска ги информираше своите корисници дека од 1 септември 2026 година се менува начинот на кој се пресметува ДДВ за платените апликации и купувањата преку Google Play во Македонија. Google ги извести девелоперите дека од овој датум компанијата ќе биде одговорна за пресметување, наплата и уплата на 18% ДДВ за платени апликации и in-app […]

0 коментари Прочитај 12 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo AI Редакција Вести Вештачка интелигенција

Неделен преглед: македонски Wordle со 18.000 зборови, зошто Apple боли и што уште се пегла кај IT.mk v7.0

Една недела на IT.mk форумот може да започне со објава на готов производ, да продолжи со две безбедносни пријави и да заврши со прашање каде да се најде Wi-Fi звучник. Баш тоа е вредноста на заедница со повеќе од 37.000 членови и над еден милион објавени мислења. На едно место се спојуваат луѓе што градат […]

0 коментари Прочитај 7 август, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести Вештачка интелигенција

ФИНКИ ги повикува компаниите и граѓаните да ги споделат своите потреби за ВИ обуки

Во рамки на проектот VEZILKA AI Factory Antenna, што го спроведува Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при УКИМ, започна национална анкета за проценка на потребите за поддршка и обуки во областа на вештачката интелигенција (ВИ) и пресметувањето со високи перформанси (HPC). Целта на анкетата е да се соберат информации за тоа какви […]

0 коментари Прочитај 31 јули, 2026
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Вести ИТ.МК

Бронзен медал за Македонија на  Европската јуниорска олимпијада по информатика во Литванија

На јубилејната 10-та по ред Европска јуниорска олимпијада по информатика  (ЕЈОИ 2026), која од 24-ти до 30-ти јули се одржува во Каунас, Литванија, младите  македонски информатичари повторно остварија значаен меѓународен успех. Во силна  конкуренција на најталентираните ученици од Европа и пошироко, нашиот Зоран  Илијоски од Кичево освои бронзен медал, а професорот Миле Јованов беше избран […]

0 коментари Прочитај 30 јули, 2026
Редакција
1
Avatar photo Бојан Стојковски Вести ИТ.МК

Funding.mk сака да го поедностави пристапот до грантови и фондови      

Компаниите, стартапите и институциите честопати трошат многу време во пребарување на грантови, јавни повици и други извори на финансирање, а дел од можностите остануваат често незабележани поради тоа што информациите се расфрлани на различни платформи и веб-страници. Со цел да го поедностави овој процес, Funding.mk е нова платформа која на едно место ги обединува актуелните […]

0 коментари Прочитај 29 јули, 2026
Редакција
2
Avatar photo Дејан Соколоски Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Иван Митковски, креатор на Chisto.mk. Да се изнервираш од ѓубрето е лесно, кул е да си дел од решението

Ако ве нервира ѓубрето на улица, преполните контејнери, пластични шишиња на тротоарите, ќеси и хартии во тревата во паркот, не сте единствени. За жал, оваа лутина најчесто завршува како објава или фотографија на друштвените мрежи. Благодарение на алатката Chisto.mk, граѓаните може да пријават див отпад, загадување или нелегално фрлање ѓубре за помалку од две минути. […]

0 коментари Прочитај 15 јули, 2026
Редакција
7
Avatar photo Дамјан Дано Блог ИТ.МК

IT.mk v7.0: Нов изглед, стара идеја

Следниот март IT.mk ќе наполни 20 години… Она што започна во 2007-ма како форум за неколку ИТ ентузијасти, во меѓувреме порасна во портал, форум, маркет, огласник, сервис за кариера, индекс на локални ИТ компании, премиум членство и уште неколку идеи кои обично ги лансиравме пред да им дојде времето. Класика. Изминативе 19 години, направивме 6 […]

276 коментари Прочитај 13 јули, 2026
Редакција
2
Avatar photo Дејан Соколоски Интервјуа ИТ.МК

Пронајдете ново место од кое може да работите со FreelanceSkopje на Маја Атанасоска

Ако сакате да избегате од истите четири ѕида дома и барате место каде што навистина ќе можете да се фокусирате и да завршите работа, веројатно веќе знаете колку е тешко да се пронајде добра локација. Токму како решение на овој проблем се роди FreelanceSkopje: интерактивна, стилизирана пиксел-арт мапа која за само 24 часа ги заинтересира […]

0 коментари Прочитај 4 јули, 2026
Мени
Заедница
Изглед