Според Article 29 работната група на ЕУ за заштита на податоците трите најголеми интернет пребарувачи не работат според европските директиви.

Прочитај повеќе

Европската Унија ја објави дигиталната агенда која треба да донесе пристап до широко појасен интернет за сите европски граѓани, да ја подобри онлајн економијата и да инвестира во нови ИТ иновации. „Дигиталната технологија го допира секој дел од нашиот живот. Ни дава нови начини да се поврземе и ги трансформира нашите болници, школи и транспорт […]

Прочитај повеќе

Европската унија ги казни Samsung, Hynix, Infineon, NEC, Hitachi, Mitsubishi, Toshiba, Elpida и Nanya со 331 милион евра бидејќи ги местеле цените на DRAM меморијата. Најголемата казна од 160 милиони евра ја доби Samsung. Во картелот бил вклучен и Micron но таа компанија ќе добие имунитет бидејќи ја открила измамата и соработувала со властите.

Прочитај повеќе

Секое домаќинство мора да има широкопојасен интернет по пристојна цена до 2013 година, со конечна цел 100% од европските домаќинства да имаат брз интернет до 2020 година и да бидат едуцирани да се вклучи во дигиталното општество, пишува во резолуцијата за развој на 2015.еu дигиталната агенда. Освен интернет дома, ЕУ сака 75% од мобилните телефони да имаат 3G интернет до 2015 година.

Прочитај повеќе

Ирски судија донесе одлука дека интернет провајдерите треба да ги гасат корисниците кои пиратираат содржина. Одлуката е донесена на судењето меѓу интернет провајдерот Eircom и преставник на EMI, Sony, Universal и Warner.

Прочитај повеќе

Шпанската Telefonica, France Телеком и Deutche Telekom, незадоволни што преку нив оди огромниот интернет сообраќај генериран од видеата на YouTube, побараа Google да им плаќа дел од приходите од рекламите на видео сервисот, пренесува Financial Times.

Прочитај повеќе

Plugg 2010 е еднодневна конференција на која покрај преезнтациите се демонстрираат иновативни веб проекти на европски старт-ап компании и проекти. Подолу ќе најдете неколку интересни проекти започнувајќи со Fits.me, победникот на овогодинешниот Plugg. Повеќете од 20-те проекти се се уште во почетните алфа и бета фази, и се навистина интересни концепти за идни веб сервиси.

Прочитај повеќе

Европската Унија бара подобрување на приватноста за Google Street View, поточно промени на начинот на кој се складираат сликите од овој проект на Google со кој сака да ги отслика сите улици во светот. Oвој проект често е критикуван поради приватноста, неколку ЕУ земји забранија Google да ги слика улиците, додека пак селаните од едно […]

Прочитај повеќе

Ќе се жалиме на одлуката, вели Google откако италијанскиот суд пресуди 6 месечна затворска казна за двајца (поренешни) извршни директори и советникот за приватност на Google Италија поради видео на Google Video во кое се гледа малтретирање на момче до Даунов синдром.

Прочитај повеќе

{mosimage} Според истражувањето на EУ, 75% од тинејџерите се на интернет, а околу 50% од нив постираат свои лични инфомарации на интернет кои „остануваат засекогаш и можат да бидат видени од секој“. За да се заштитат корисниците Европската Унија на Денот за побезбеден интернет, 9 фебруари, стартуваше кампања „Think B4 U post“.

Прочитај повеќе

{mosimage} ИТ евро-комесарката Вивиен Рединг најави нови закони за заштита на приватноста на корисниците, закони кои пред се ќе го разгледаат проблемот со друштвените мрежи и скенерите за тела. Евро-комесарката одбележувајќи го „Денот за заштита на податоците“ (28 јануари) рече дека „не може да очекуваме граѓаните да и веруваат на Европа ако не сме сериозни […]

Прочитај повеќе

{mosimage} Европската Комисија даде 1 милијарда евра за лансирање на првите 14 „Галилео“ сателити, кои се одговор на американскиот GPS (глобален систем за позиционирање). Милијардата наменета за овој европски проект ќе се распредели на германската OHB System и британската SSTL за градење на сателитите и на француската Arienspace за лансирање на руски Soyuz ракети.

Прочитај повеќе