Десеттина држави во писмо до Ерик Шмит, директорот на Google, го изкажаа незадоволството за приватноста на Buzz, најновата друштвена мрежа на Googlе, и Street View и побараа од интернет гигантот да воведе принципи за приватност кои ќе бидат пример за другите.

Прочитај повеќе

Јапонскиот тројанец Kenzero откако ќе се инсталира на компјутерите на Hentai порно фановите, го уценува корисникот да му плати или ќе ја објави јавно историјата на прелистувачот.

Прочитај повеќе

IT.com.mk во соработка со Zero Science Lab направи експеримент за безбедноста на десетина .mk сајтови и откривме дека многу сајтови на значајни институции, како customs.gov.mk, sobranie.mk или ukim.edu.mk, имаат ранливост на XSS напад.

Прочитај повеќе

Канадски и американски безбедносни експерти открија софистицирана мрежа за сајбер шпионирање поставена од сервери во Кина.
 
Споре експертите, „Сенката“, како што ја нарекоа мрежата, се користела за крадење документи од Обединетите Нации, украдени се документи од НАТО операции во Авганистан, собрани се лични детали за индивидуалци во индиската влада и војска, се следеле новинари заинтересирани за Кина, и се соберени сите приватниот имејл пораки од изминатата година на тибетанскиот водач Далеј Лама. Но… оваа мрежа не е поврзана со неодамнешните напади врз Google кои доведоа интернет пребарувачот да влезе во конфликт со Кина.

Прочитај повеќе

Google најави измена во Google Аnalytics со која корисниците ќе можат да одберат дали или не сервисот да ги собира нивните информации. Google Analytics e алатка која ја користат сајтовите (пример IT.com.mk) за да ги измерат посетите на сајтот, времето колку корисниците поминуваат на сајтот до информации од каков прелистувач сурфаат посетителите.

Прочитај повеќе

А1 ексклузивно: Груевски се договорил за промена на името. Гледајте на А1 вестите во 19 часот! Ова е твитот на @A1vesti кој беше објавен во четврток и кој направи за помалку од 30 минути, од почетокот на вестите до спортските вести, А1 од професионална телевизија да стане шарлатанска телевизија и да биде исмејувана од корисниците на Twitter, и исмејувањето да продолжи и по блогови и Facebook. Кредибилитетот на А1 како новинарска институција е дефинитивно нарушен бидејќи не само што споделуваат лажни информации, туку тие информации се скандалозни.

Прочитај повеќе

{mosimage} Наидовме на имејл измама која ја користи ИК Банка. Мејлот вели дека некој ви влегол во сметката од банката и со лажен линк ве води на сајт преку кој ви ја краде лозинката до правата сметка. Имејлот е доста уверлив. Го има логото на банката, ве предупредува да не споделувате лозинки, ве советува што […]

Прочитај повеќе

Чешки безбедносни експерти открија ботнет мрежа и ја крстија како „Чак Норис“. Оваа ботнет мрежа – мрежа од инфицирани со вирус компјутери – се шири така што со помош на малициозен софтвер пробива рутери и DLS модеми. Малициозниот софтвер ги пробива рутерите така што им ги погаѓа едноставните лозинки, како на пример: admin, 123456, password…

Прочитај повеќе

Zero Science Lab e македонска лабораторија за истражување и развој на ИТ безбедноста. Лабораторијата од денеска стартува со нов 2.0 дизајн и е отворена за соработка за пронаоѓање на софверски ранливости и подобрување на безбедноста.

Прочитај повеќе

{mosimage} На Twitter се појави измама која користи пораки како „LOL ова е смешно“ пропратен со линк кој ги води корисниците на лажен сајт што личи на Twitter барајќи од корисниците да се логираат доколку сакаат да ja видат „смешната“ слика. Безбедносната компанија Sophos направи видео објаснувајќи како работи оваа измама. Пораките прво биле праќани […]

Прочитај повеќе

http://www.flickr.com/photos/bionicteaching/4309359503/

 
Училиште од Филаделфија ги шпионирало студентите во домашна атмосфера преку вебкамери на лаптопи кои им биле дадени за да им се помогне при учењето. Шпионирањето е откриeно откако едно дете било казнето „поради недолично однесување дома“, а заменик-директорот покажал фотографија сликана од веб камера како доказ, пишува BoingBoing.

Прочитај повеќе

{mosimage} Google воведе опција за побезбедна содржина на YouTube. Тоа значи дека можете да го искористите „Безбедносниот мод“ на YouTube и да не добивате содржина која може да ве навреди, која е вулгарна или политички некоректна. Земајќи в предвид дека YouTube e вториот најпопуларен пребарувач, оваа корисничка само-цензура може да биде корисна за родителите кои […]

Прочитај повеќе