Griffith универзитетот од Австралија го воведе креативното пишување твитови како задолжителен предмет за своите студенти по новинарство. Студентите го користат Twitter како „вежба за рефлектирање на себе“ вели Жаки Едварт, предавач на универзитетот.
 
„Твитовите на некои студенти не се толку суштински како што сакаме да бидат. Но не знам дали ако напишат есеј, ќе биде подобро“ вели г-ѓа. Едварт за Sydney Morning Herald.

Прочитај повеќе

Coca-Cola стартува маркетинг кампања која вклучува друштвени мрежи, блогери и 206 земји. „Expedition 206" е проект кој ќе прати 3 блогери кои ќе се прошетаат низ 206 земји за 1 година. Блогерите ќе разговараат со луѓето за Coca-Cola и нејзините производи и сите патописи, слики, блог постови и видеа ќе ги објават на друштвените мрежи: Facebook, Twitter, Flickr, YouTube…

Прочитај повеќе

Со FriendFeed, Facebook може да стане Google зa друштвените мрежи. Пребарувањето во реално време денеска е доста интересна алатка посебно ако се земе во обзир дека на Facebook има 250 милиони корисниците секој со по најмалку 100 пријатели, кои секојдневно се на мрежата и кои секојдневно постираат.

Прочитај повеќе

Првите вести за експлозија на две бомби во Ritz Carlton и Marriott хотелите во Џакарта, Индонезија кои се случија во раните утрински часови во петокот, се појавија на сервисот за микро-блогирање. Според австралискиот весник ABC News, првиот твит за бомбардирањето бил од Даниел Тумива, кој твитал преку Ping.fm сервисот кој служи за постирање на друштвените мрежи преку мобилен.

Прочитај повеќе

(© http://www.flickr.com/photos/mousavi1388/)

Незадоволни од повторното избирање на Махмуд Ахмадинеџад како претседател на Иран, веќе два дена низ улиците на Техеран, активисти и приврзаници на Мир-Хосеин Мусафи, против-кандидатот на претседателот Ахмадинеџад, се судрија со полицијата. Според активистите резултатите од изборите се наместени за да победи досегашниот претседател Ахмадинеџад кој во својата кампања ја искористи „Yes, you can“ паролата на Барак Обама, претседателот на САД.

Прочитај повеќе

Соочена со 90 студенти во училница, атмосфера која е тешко за секој професор да ги вклучи сите студенти да придонесат во наставата, професорката Моника Ранкин од Универзитетот на Тексас во Далас, САД, се одлучи со технологија да го привлече вниманието на студентите. Професорката по историја знаејќи дека не секој студент има лаптоп, но повеќе од нив имаат мобилен, се решила да го искористи Twitter како платформа, иако и таа самата била почетник во микро-блогинг друштвената мрежа.
 
„Повеќето предавачи ќе се согласат дека големите класови во училници налик на аудиториуми/слушални ги ограничуваат опциите за професорите само на предавање, предавања и уште предавање. Повеќето предавачи ќе се согласат дека ова не е ефективен начин за предавање. Јас сакав да најдам начин да влесам повеќе студентско ориентирани техники за предавања и да ги вклучам студентите во наставата” пишува г-ѓа. Ранкин.

Прочитај повеќе

Кина во пресртет на 4 Јуни, ден што ја одбележува 20 годишнина од демократските протести на Тиананмен плоштадот ги блокираше најпопуларните сервиси на интернет. Flickr, Twitter, Bing – новиот пребарувач на Microsoft кој беше објавен пред 3 дена, Hotmail, … сите се недостапни од пред 3 дена, додека Blogger.com и YouTube се недостапни за кинеските корисници од мај, односно март. Блокирани се и сајтовите на странски медиуми, претежно американски како CNN и блогот HuffingtonPost.

Прочитај повеќе

Јорданската кралица Раниа е дефинитивно личност од која и политичарите и ПР луѓето, невладините и хуманитарни организации можат да научат како да го користат интернетот за да пренесат порака. Кралицата Раниа е позната по својот YouTube канал на кој таа постираше видеа со цел да ги сруши стереотипите за муслиманите и арапите. Таа преку видео каналот бараше од корисниците да и праќаат прашања со цел да може да ги одговори и да ги објасни различните култури, религии и начин на живот.

Прочитај повеќе