Повикајте такси само со еден клик без да го знаете телефонскиот број – ова е идејата зад Тaksiko, победничката мобилна апликација на европскиот Startup 2.0. Aпликацијата е навистина интересна и ветува. Taksiko не само што го поврзува корисникот и најблиското такси користејќи гео-локација, туку се споделува дестинацијата и цената меѓу двете страни, се следи таксито, се води статистика за секој клиент, и им се нудат попусти за лојалност на клиентите.

Прочитај повеќе

Женската публика е сериознa друштвена публика. Ова го потврдува и Facebook странaта на Unique магазинот за женски интереси: гардероба, љубов, мажи, здравје, дизајн… Unique станува прва .мк Facebook страна на бренд/компанија која надмина над 200.000 фанови. Втора поголема бренд страна, со скоро два пати помала бројка, е таа на K-15 со над 135.00 фанови. Поголема од нив е само страната за Тоше Проевски со над 350.000 фанови, но тука не станува збор за бренд/компанија.

Прочитај повеќе

Во интересно интервју за Daily Mail, основачот и поранешен директор на Microsoft, и вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс откри неколку интересни факти за својот приватен живот – како кога неговите деца сакаат да се шегуваат со него му го пејат хитот „Милијардер“, а исто така му ја пуштале и Лејди Гага, но не успеал да и ги научи песните. Г. Гејтс вели доколку има пожар во својот 100 милиони вреден дом, тој првин ќе побрза да го спаси бележникот на Леонардо да Винчи „Codex Leicester” кој го купил за 30 милиони долари.

Прочитај повеќе

Фотографии, слики од мобилен, блогови, видеа, Facebook постови и избришани групи, Twitter… се што е друштвено и можно за споделување на Интернет се искористи за да се пренесе информацијата за протестите против полициската бруталност. И покрај традиционалните медиуми, дел од нив инертни, друштвените медиуми и граѓанското новинарство беа изворот за сурови, необработени информации за што се случува по улиците на Скопје и Битола.

Прочитај повеќе

На 28-29 мај за прв пат во Охрид ќе се одржи „Ништо нема да се случи“ собирот на кој се поканети сите ИТ ентузијасти и хакери, како од Македонија така и од регионот со цел да се запознаат ИТ заедниците и можеби да соработуваат на разни проекти.

Прочитај повеќе

Oд неодамна во емисијата „Еден на Еден“, Жарко Димитриоски започна да ги поканува своите гледачи да ги искористат друштвените мрежи да постават прашање до гостите во емисијата. Интерактивноста која ја нудат Twitter и Facebook е како измислена за ваков вид емисии, вели Жарко, бидејќи гледачите се инволвираат не само во директната комуникација туку и во креирање на емисијата. Мреживе се фантастична работа, вели тој. Вистински свет во мало!

Прочитај повеќе

ФИНКИ мора динамично да реагира според развојот на технологиите и да се прилагодува на нив, така го организиравме факултетот, вели проф. д-р. Димитар Трајанов кој е првиот декан на новиот Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство. ФИНКИ е спој од двата информатички института на ПМФ и ФЕИТ, и станува првиот самостоен ИТ факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Прочитај повеќе

Славе Јовановски веќе две ипол години работи за Google-овиот YouTube, a во последниве 9 месеци е технички водач на новиот YouTube Live проект кој треба да донесе содржина во живо преку видео платформата која ќе е целосно интегрирана со останатиот дел од сервисот, и можеби крајната цел е да го замени телевизорот. Вели дека канцелариите на Google се баш како што ги замислуваме. Имаат се што ти душа сака.

Прочитај повеќе

Неодамна претставениот Color привлече многу прашања и критики за своето брзо, мобилно и јавно споделување фотографии и видео според локацијата на која се наоѓа корисникот. За оваа апликација има неколку недоразбирања пред се поради чудното функционирање, па еден од основачите, Бил Нгуен, во долго интервју (скоро час време) ја објаснува нивната визија и идеја за апликацијата.

Прочитај повеќе

Играта започна како хоби, а потоа стана посериозен проект, вели Трајче Петров, еден од креаторите на Мафиа.мк, веб игра која е прогласена за сајт на 2010-та од читателите на IT.com.mk.

Прочитај повеќе

Vip оператор го стартуваше првиот Android натпревар, први донесоа таблет компјутер, се прогласи за најкомпанија на Twitter и беше прогласена на ИТ наградите како компанија на годината на .мк сцената. Направивме интервју со директорот на VIP, Никола Љушев кој освен што се заблагодари до корисниците на наградата сподели и интересни мислења за социјалните медиуми, паметните телефони и за наплив на таблет компјутерите.

Прочитај повеќе

Наскоро Марко Чаласан ќе патува во Цирих, кај Google, за да го презентира својот проект за пренесување на HD видео преку послаби мрежи, проект преку кој ќе понуди ИТ лекции за училиштата во Македонија; кога би избирал меѓу Бил Гејтс и Стив Балмер, двата директори на Microsoft, би го одбрал Гејтс, но сепак за Балмер вели „кога дојде тој, се е ново“; направил и крак за Nero, но родителите го спречиле да го објави на интернет бидејќи нели сепак краковите не се легални, а за ИТ наградата за личност на годината на .мк сцената, десетгодишниот Марко вели дека „навистина сум горд и им благодарам на сите“.

Прочитај повеќе