Пред околу 15 дена, пронајдов три слабости во еден од софтверите на компанијата Adobe.
За сега, нема да го именувам името на софтвер пакетот и неговите ранливости, туку само на кратко ќе го опишам процесот на пријавување на слабости кон Adobe и неговите продукти.

Прочитај повеќе

Претходниот пост ми беше за тоа како Владата неможе да си ги одржи своите ветувања за развој на е-трговијата во Македонија, правдајќи се на економската криза и рестрикции на буџетот. Но, кога државата неможе да издвои "ситни" 50.000 евра од својот буџет за развој на економијата и општеството… [спремите се за добри вести]…. може Македонски […]

Прочитај повеќе

Минатогодишниот август беше навистина возбудлив месец за е-трговијата во Македонија, но за жал само на зборови… од страна на Министерството за информатичко општество во неколку медиуми беа најавени проекти како доаѓањето на PayPal во Македонија, создавањето на национален тим за компјутерска сигурност и конкурсот за е-бизнис идеја чиј награден фонд треба да изнесува 50.000 евра. […]

Прочитај повеќе

Верувам дека сите сте запознаени со оваа тематика, барем оние кои имале искуство со нарачки он-лајн со помош на кредитни картички или едноставно вадење на пари од ATM машини (банкомати).

Се работи за приказ, како една таква измама е планирана и извршена од страна на дечките од реалното шоу The Real Hustle (http://en.wikipedia.org/wiki/The_Real_Hustle, http://www.bbc.co.uk/realhustle/, http://www.trutv.com/shows/real_hustle/).

Прочитај повеќе

"Неограничен интернет-сообраќај со брзина до 10 Mbps"… Неограничен сообраќај!? дефинитивно моќна понуда на T-Home за овие простори. Звучи одлично се додека не го прочитате делот напишан со мали букви кој дообјаснува "За неограничениот интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 150 GB месечно. Под надминувањето на овој сообраќај, брзината на пристап […]

Прочитај повеќе

Замислете си го следново сценарио: добивате доста добра идеја за онлајн проект (нешто големо како Facebook или Twitter) што досега не е реализирано на интернет, го тестирате замисленото на мала група на луѓе околу вас и според сите очекувања добивате позитивни резултати и го имате она чувство во себе дека сте пронашле нешто уникатно и посакувате да извикате “еурека!”. Се решавате да преминете на сериозен бизнис… но за да ја реализирате идејата набрзо сфаќате дека ви се потребни ресурси – програмери, дизајнери, сервери, корисничка поддршка, канцеларии, маркетинг и сл. Знаете дека евентуално ќе тргне работата и ќе можете тогаш да ги извадите потребните средства, но што дотогаш? Како да почнете за да дојдете до таа фаза? Од каде да ги најдете тие пари и материјална поддршка?

Прочитај повеќе

Во последните месец-два сигурен сум дека се имате наслушано за друштвените медиуми и сајтови како Facebook, Twitter, YouTube, Flickr… од страна на медиумите, вашите пријатели како и колеги кои неможат да престанат да зборуваат за тоа што е најновото на овие сајтови, кој е нивниот последен пријател со кој оствариле интересна комуникација и сл… Влијанието […]

Прочитај повеќе

SEAT (Search Engine Assessment Tool) претставува PERL алатка, изработена од страна на Питер Качергински (Peter Kacherginsky), која се користи за “копање” информации и е посебно направена за потребите на сигурносните професионалци.

Алатката ги користи информациите складирани во базите на податоци на интернет пребарувачите како и уште неколку јавни ресурси, која со помош на тие информации извршува скенирање на некоја веб страна за потенцијални ранливости.

Изобилува со multi-thread, multi-database и multi-search-engine способности, со што имаме лесна навигација низ брдо информации, со цел, проценка на сигурноста на системот.

Прочитај повеќе


На 25 февруари, познатата компанија Secunia на својот блог (http://secunia.com/blog/45/) го објави својот годишен извештај за сигурносни статистики за 2008 година.

Прочитај повеќе

На Наградата на светскиот самит за Македонија која се одржа во декември имав големи тешкотии да му објаснам на жирито што значи тоа "бета" што стои на сајтот над логото, откако бевме посочени како сајт кој не е довршен и сеуште се тестира само заради тие четири букви. Мојата "одбрана" се состоеше во објаснување што […]

Прочитај повеќе

Предизборната кампања на Барак Обама на последните претседателски избори во САД, во вистинско издание ја покажа моќта на интернетот и како овој медиум може да се искористи за пренесување на политички пораки, на многу поевтин и поефикасен начин отколку "стандардниот" маркетинг… А мислам и дека сите ќе се сложиме дека токму поддржувањето на новите технологии […]

Прочитај повеќе