Canonical организира натпревар за Ubuntu апликации

Canonical конечно реши да направи чекор напред за да привлече внимание од страна на развивачите. Имено, спонзорот на Ubuntu, еден од најпопуларните оперативни системи и најкористена Linux дистрибуција, организира натпревар наречен „Ubuntu App Showdown“ во кој развивачите имаат три недели да испрограмираат нова апликација и да ја објават во Ubuntu Software Centre-от.

Најдобрите апликации ќе добијат награди од System76 и Qt. Победниците ќе добијат System76 Gazelle Professional лаптоп и Nokia N9, System76 Lemur Ultra лаптоп и Nokia N9 ќе добијат второ пласираните, додека развивачите на апликацијата која ќе заврши на третото место ќе добијат Nokia N9. Исто така, првите три апликации кои ќе бидат изгласени од заедницата добиваат Nokia N9, а развивачите за секоја испратена апликација добиваат и Ubuntu маичка.

Кој ќе биде победник ќе одлучи заедницата преку своето гласање во Ubuntu Software Centre, а шест члената комисија ќе ги оцени апликациите според нивниот изглед, стабилност, интеграцијата и иновативноста.

Правилата можете да ги прочитате овде, па се надеваме дека и некои наши програмери ќе земаат учество во овој натпревар.

2 коментари на “Canonical организира натпревар за Ubuntu апликации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии