Canon жртва на сајбер напад, изгубени податоци на корисниците

Еден од најпопуларните производители на фотоапарати Canon е жртва на сајбер напад. Како последица на ова загубени се податоци, приватни вази и слично. Проблемите на image.cloud сервисот започнаа на 30 јули, и траеја до 4 август.

Компанијата не ја потврди веста, но Bleeping Computer тврди дека виделе пораката која ја испратил напаѓачот. Според содржината на пораката станува збор за ransomware напад. Извор од Canon тврди дека во нападот се зафатени повеќе системи и апликации. Во нападот се украдени 10 GB податоци. Од Canon не ја потврдиле информацијата и велат дека го истражуваат проблемот.

Во нападот е искористен Maze ransomware. Напаѓачот покрај заканите дека ќе ги објави податоците за нападот, се заканува и дека ќе ги објави сите приватни податоци. Canon е најновата жртва на сајбер напад, но во последниве месеци Maze ransomware е искористен во повеќе напади. Жртви на овој малициозен софтвер се неколку поголеми организации, од ИТ консултантски фирми, па се до јавни сервиси. Напаѓачите во пораката ги споменуваат сајбер нападите на Пенсакола, MDLabs и Southwire.

Maze е ransomware кој го управуваат луѓе, се шири по мрежата и зафаќа различни делови од мрежата се додека не дојде до администраторски пристап. Дел од напаѓачите се присутни и ги мапираат системите и по 18 месеци. Карактеристична практика за напаѓачите кои го користат Maze е заканата за јавна објава на пробивањето, и срамот како тактика за исплата.

Една од главните причини за зголемениот број на сајбер напади периодот е работата од дома која е предизвикана од епидемијата. Работата на далечина ја олеснува работата на напаѓачите и фишинг измамите се полесни. Секако повторно главна причина за овие пропусти е човечки фактор.

Пред околу една недела жртва на ransomware беше и Garmin.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии