Can I haz Twitter? ktnxbai

Twitter неочекувано воведе опција да го смените јазикот на вашиот профил во јазикот на кој зборуваат мачките на интернет. Така наместо Discover имате DISCOVR, наместо Home ќе имате HUM, наместо More имате MOAR, наместо View My Profile Picture имате VIEW MAH PROFILE PUJ итн. Се работи за бета функционалност која се вклучува преку опциите за вашиот профил, или пак кликнете само на овој линк https://twitter.com/?lang=lolc. Бидејќи е во бета најверојатно ќе видиме уште преименувани опции во јазикот на интернет мачките, попознати како Lolcats. Тоа што ме плаши е што сега сигурно ќе видиме куп слики од мачки наместо кориснички профили.

Доколку се прашувате што ѓавол го натера Twitter да ја воведе оваа опција, единственото разумно решение е дека мачките му наредиле, бидејќи, нели, тие се вистинските владетели на Интернетот.