Call of Duty се одалечува од реализмот, со Black Ops 3 најавeна е војна во иднината

Новото продолжение на Call of Duty:Black Ops 3 ќе го напушти досегашниот реализам и ќе биде поблиску до научно-фантастичен шутер. Според дел од информациите кои се појавија во играта ќе бидат достапни кибернетски надградби налик на Deus Ex, со кои играчите можат да го надградат својот карактер. Се разбира и противниците ќе доаѓаат надградени, но и надвор од досегашните алијанси. Ова овозможува поголема слобода во приказната во која досега противниците се блоковски поделени. Спротивставени на Black Ops војниците им се Common Defense Pace, а играчите ќе бидат испратени на мисии кои не може да бидат решени на ниеден друг начин. „Мора да ја откриете вистината. Тимот е исчезнат и започнуваме во Каиро“, се вели во играта.

За прв пат во франшизата кампањата ќе може да се игра мултиплеер со уште тројца соиграчи, а војниците ќе бидат поврзани со интерфејс кој ќе ви овозможива да гледате се што гледаат соиграчите. Дополнително за надградба на карактерот ќе бидат достапни над 40 сајбер-додатоци. Очекувањето е дека играта ќе изгледа импозантно на PC, со 4К резолуција (се разбира доколку вашиот компјутер го дозволува ова), за конзолите играта е 1080р и 60 fps. Интересни играта не е „пренапорна“ за процесорот па доволен е Intel Core i3.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии