C06 е издржлива преносна камера која може да се движи

Дејан Соколоски

во Хардвер

C06 е подвижна робо-камера, прв производ на истоимената компанија. Станува збор за специјализиран уред, наменет за екипите за спасување, брза помош и против-пожарните единици.

Робот-камерата треба да биде едноставна за користење и на непристапен терен. Сè што корисниците треба да направат е да го фрлат роботот и потоа преку LTE можат да ја гледаат камерата и да управуваат со движењето на роботот. Управувањето и следењето може да се прави од повеќе различни уреди. C06 е опремен и со светилка која овозможува гледање во темница. Леќите за камерата се од Sony и според најавата може да се променат.

Камерата доаѓа со сервис за стрим кој чини 100 долари за обични корисници, и 150 долари месечно за службите за итна интервенција. Двете претплати предвидуваат неограничен сообраќај преку мрежа со поголем приоритет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии