Секој пат кога создавате акаунт и креирате лозинка наидувате на совети за тоа дека лозинката треба да е долга, со големи и мали букви, како и со симболи. Резултатот од таквото нешто знае да биде предизвик за помнење, особено кога ќе земете во предвид дека за секој акаунт треба да имате различна лозинка.
Buttercup е релативно нов и целосно бесплатен менаџер за лозинки кој е компатибилен со бројни верзии на оперативни системи, независно дали се работи за Windows, MacOS или Linux. Преку користење 256-bit AES енкрипција, Buttercup e силно решение за спречување вашите логин детали да паднат во погрешни раце.
Buttercup се испорачува како десктоп програм, но и како екстензија за прелистувачите Chrome и Firefox, со ветување за соодветна екстензија и за другите прелистувачи во иднина. Дополнително, на располагање имате и верзија за iOS и Android направите. Независно со која ќе одите, интерфејсот е исклучително лесен за навикнување и пријатен за користење.







