Бутабилно совршенство со Rufus 3, но не и за XP и Vista

Rufus е одамна докажано софтверско решение кое ви дозволува на лесен начин да се справите со ISO форматите на слики за бројните оперативни системи, независно дали се работи за Windows, или Linux. Со Rufus можете да ги направите таквите слики бутабилни преку USB драјвови за да системот се покрене преку самото USB и ви дозволи да го форматирате хард дискот и да инсталирате свежа копија од оперативниот систем. Наспроти нашето објаснување, Rufus е исклучително едноставен програм, маскиран во само еден прозорец и со прости опции каде го одбирате USB драјвот, го избирате вашиот ISO фајл и кликнувате на Start за да целиот процес се комплетира.

Причината поради која повторно го споменуваме Rufus е фактот дека од неодамна, најновата верзија не е повеќе компатибилна нитиу со Windows XP, ниту со Windows Vista, а и се одликува со нов интерфејс кој е осмислен да го следи „протокот на корисничките операции“. Дополнително, најновата 3.1 верзија исправа бројни проблеми и ја подобрува поддршката за одредени ISO формати.

Преземете ја најновата верзија тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии