Бугарскиот LAUNCHub Ventures обезбеди нови 18 милиони евра за инвестиции

Еден од најактивните фондови во регионот, бугарскиот LAUNCHub обезбеди нови 18 милиони евра. Се очекува овие средства да бидат инвестирани во Бугарија, но и во целиот регион. Фондот е еден од најголемите инвеститори во стартапи во Југоисточна Европа. Македонскиот стартап Tesseract е една од компаниите кои добија инвестиција од LAUNCHub.

Најголем дел од средствата, 15 милиoни евра, доаѓа од Европскиот инвестициски фонд. Другите 3 милиони се од приватни инвеститори од Бугарија.

„Нашата стратегија е да бидеме прв избор на сите претприемачи од регионот. Имаше потреба од надградба на стратегијата, тоа го направивме со новиот фонд. Има стартапи кои мора да стасаат на следното ниво.“, вели Љубен Белов, еден од ко-основачите на фондот.

Фондот сега има можност за поголеми инвестиции. Главните инвестиции ќе бидат помеѓу 300.000 и 700.000 евра, но фондот сега има и можност за финансии до 2 милиони евра. Стартапите во кои ќе инвестираат се речиси непроменети, B2B и B2C сегментите се главен интерес, стартапи кои се занимаваат со е-трговија и маркетинг, како и гејминг остануваат од значителен интерес. Сепак приоритетот се стартапи во „seed“ фаза, иако инвестирањето во стартапи кои се во серија А останува определба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии