Бугарија ќе креира софтверска библитека за својата е-Влада

Бугарскиот парламент е во последна фаза на носење на закон со кој ќе се оформи државна „библиотека“ за софтвер развиен од или за владата. Складиштето ќе биде опслужувано од нова е-владина агенција. Предлог законот е пред пратениците, и се очекува да биде донесен во мај. Според предлогот, кога јавната администрација работи на нов софтвер, или кога го надградува претходниот, ќе мора да ги следи критериумите поставени за слободен софтвер.

Софтверската библиотека ќе биде отворена за сите, и во неа освен кодот ќе биде сместена и документацијата за информациските системи во јавната администрација. Освен во владините институции, кодот од софтверот ќе може да се најде и на Github, вели Божидар Божанов, експерт за е-влада. Бугарскиот закон за е-влада е донесен во 2007 година.

1 коментар на “Бугарија ќе креира софтверска библитека за својата е-Влада

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии