Бугарија донесе закон за слободен софтвер

Целиот софтвер кој ќе биде изработен за бугарската влада или државните агенции, мора да биде со отворен код. Парламентот на Бугарија и официјално го донесе законот со кој ја обврзува државата софтверот кој го користат да мора да биде јавно достапен. Во Македонија имаше ваков обид во 2010-та година, но предлогот за Националната политика за слободен софтвер никогаш не беше изгласан, вели Новица Наков од Слободен софтвер Македонија.

Најголема придобивка од отворениот код, ќе биде безбедноста на софтверот. Отворањето на кодот ќе овозможи до него да имаат пристап повеќе развивачи, а со тоа и безбедносните пропусти побрзо ќе се затвораат. „Кога субјект на набавка вклучува развој на софтвер, компјутерската програма мора да биде со отворен код; сите авторски и сродни права за изработениот софтвер, кодот, дизајнот на интерфејс, и базите на податоци, треба да бидат без ограничувања за употреба, промена и дистрибуција, развојот треба да се направи во складиште кое се одржува од агенцијата во согласност со Член 7“, вели членот 58а од законот.

Но, ова не значи дека секој софтвер кој ќе го користи бугарската администрација мора да биде со отворен код. Овие правила не важат за готов софтвер, туку единствено за софтверот кој владата ќе го порача за свои потреби. Доколку некоја агенција користи готов софтвер или оперативен систем, пример Windows, тогаш оперативниот систем си доаѓа како што е.

„Во минатото се веруваше дека колку помалку корисници го гледаат кодот толку е побезбеден, ова не функционираше. Голем број на пропусти во владините вебсајтови остануваа со години, од едноставна причина договорите беа истечени. Со отворање на кодот, се надеваме дека ќе ги намалиме овие инциденти, и ќе детектираме лоша пракса уште во развојниот процес, наместо подоцна кога може да биде и предоцна.“, вели Божидар Божанов, советник во бугарската влада.

1 коментар на “Бугарија донесе закон за слободен софтвер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии