Спонзориран текст

BtoBet: Работата треба да биде предизвикувачка, а предизвикот треба да биде забавен

Спонзорирано од BtoBet

во ИТ Кариера, Спонзорирани

Топ 5 причини зошто да се придружите на BtoBet – еден од светските лидери во “iGaming” индустријата

“iGaming” индустријата во последните 15 години бележи исклучителен позитивен тренд, а денес стои рамо до рамо дури и со музичката индустрија во светски рамки, во однос на големината на пазарот и генерирањето приходи. Само до 2024 година се очекува да достигне раст и до 100 милијарди американски долари, а пак нејзиниот рапиден развој прави компаниите кои се дел од оваа бизнис средина постојано да се соочуваат со предизвикот да ги унапредуваат своите производи и услуги. Како логична последица од овој рапиден раст на индустријата, пак, се забележува и сè поголема потреба од квалификувана работна сила, со цел соодветно да се одговори на побарувањата на овој компетитивен пазар, а со тоа секако, и да им се обезбеди на играчите најдобро можно “iGaming” искуство.

Но, каде на глобалната мапа се домашните ИТ компании за развој на “iGaming” софтверски решенија и што тие прават за да одговорат на овие предизвици?

Како соодветен пример се издвојува токму македонскиот провајдер на софтвер за спортско обложување и онлајн казино, BtoBet, технолошки напредна ИТ компанија која воедно е и еден од лидерите и пионер во “iGaming” индустријата и во светски рамки. Компанијата со канцеларии во Скопје, Битола и Охрид, но и надвор од границите на Северна Македонија, вработува тим од врвни ИТ експерти, а веќе седум години успешно соработува со голем број партнери и клиенти од целиот свет, обезбедувајќи за играчите на глобалната сцена уникатно корисничко искуство.

Оттаму велат дека за искусните ИТ професионалци самата “iGaming” индустрија е доволно предизвикувачка бидејќи програмерите имаат прилика да работат на исклучително технолошки напредни продукти, но доколку висококвалификуваните професионалци треба да се задржат на подолг рок, неопходно е стратегијата за развој на компанијата, меѓу другото, да се темели и на постојан развој на кадарот, кој на крајот на денот ќе биде високомотивиран, со лична амбиција за успех да се направи што повеќе и силно и искрено чувство на припадност во компанијата.

“Win-win” компаниска политика

Меѓутоа она што е и поинтересно е дека политиката на BtoBet се базира токму на идејата дека работата треба да биде предизвикувачка, а предизвикот треба да биде забавен. Преку ваков процес на работа и компаниска култура каде се вреднува постигнувањето на тимот, но и гордоста што поединецот ја чувствува за својот личен придонес, BtoBet верува дека големите достигнувања и креативните решенија се многу поверојатни и така директно ќе придонесат и за севкупен успех на компанијата.

Токму ова се и едни од вредностите кои BtoBet ги негува кога станува збор за придобивање нови кадри, но и задржување на постојните, а во продолжение ви претставуваме топ 5 причини зошто вреди да се приклучите на тимот на BtoBet – тим кој бележи извонредни резултати и континуиран светски успех во висококонкурентната “iGaming” индустрија:

  1. Преку препознавање на личниот потенцијал до тимски успех

Препознавањето на талентот и негувањето на силните страни и способности кај секој член на тимот е особено важно за индивидуалниот, но и за тимскиот успех на секоја компанија. За BtoBet вклучувањето нови членови во тимот подразбира давање поддршка и конструктивен фидбек во секое време, што дополнително ги стимулира новите вработени да ги извршуваат работните обврски со полн капацитет. Нивото на квалитет на извршената задача е далеку поголемо од страна на задоволни вработени, а пак тоа задоволство кај тимот на BtoBet резултира токму од взаемната поддршка која е издигната на ниво на компаниска култура.

  • Креативна работна средина

Креативната и стимулирачка работна средина е една од главните причини за денешниот успех на домашниот BtoBet.  Во висококонкурентната “iGaming” индустрија, креативноста на вработените е клучна за континуирано креирање на нови и уникатни производи, поради што синергијата на тимот и позитивната енергија на работното место се од особена важност. Затоа, покрај работата, BtoBet ангажирано го негува тимскиот дух преку интерни дружби, тематски забави, социјални и спортски настани, но ја почитува и сечија лична природа преку покажување грижа и внимание за секој еден вработен. Всушност, вреднувањето и негувањето на тимскиот дух преку редовни забавни интерни активности ги поттикнува вработените и на индивидуално ниво, што пак резултира и со високо ниво на задоволство кај целиот колектив. Бидејќи без задоволни вработени нема ниту задоволни клиенти.

  • Преку предизвици до професионален развој

Во работниот процес, вработените на една компанија секојдневно се соочуваат со предизвици кои се причина да ги поместат своите граници. Напредувањето во работата е процес кој бара посветеност и истрајност, но за овој процес да се одвива непречено, поддршката од компанијата е неопходна. BtoBet верува дека инвестирањето во континуирана надградба и образување на своите вработени ќе им овозможат ефикасно надминување на секојдневните предизвици. Дополнително, препознавањето на придонесот и напредокот од страна на претпоставените, за секој вработен претставува стимулација и чувство дека е дел од успешната приказна на компанијата.

  • Флексибилно работно време

Флексибилното работно време е можеби најнеконвенционалниот дел од описот на работата во оваа индустрија, иако во последната година работата на далечина стана неминовен процес за многу компании и наметна нов, но и иновативен начин за постигнување успешни резултати. Меѓутоа за BtoBet пандемијата не беше единствениот фактор за да се воведе принципот на флексибилно работно време. Флексибилното работно време во овој случај претставува начин да се покажат извонредните организациски вештини на вработениот, но и начин да се оддаде почит кон неговото приватно време и можност да се воспостави идеалниот “life-work” баланс. Сè додека работата е завршена, вие сами го креирате својот работен ден – е едно од основните правила на кои се темели делувањето на BtoBet.

  • Благосостојбата на вработените е врвен приоритет

Благосостојбата на вработените секогаш треба да биде на прво место и тоа е клучно кога станува збор за вистинска грижа кон своите вработени. Грижата за нивното здравје, поттикнувањето и негувањето здрави навики преку бесплатно членство во фитнес центри, тимско учество на спортски настани, обезбедувањето здрави ужинки и приватното здравствено осигурување се само неколку од начините на кои BtoBet се грижи за целокупната благосостојба на своите вработени.

Ако сè ова звучи доволно примамливо, посетете ја страната за кариера на BtoBet и погледнете ги тековните огласи.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на BtoBet. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии