BTJunkie го исклучи сајтот

Виктор Дано

во Веб, Свет

Еден од најголемите пребарувачи на торент фајлови, BTJunkie, се исклучи. Причината се бројните судски спорови против другите торент сајтови.

„Ова е крај на линијата пријатели. Одлуката не беше лесна, но одлучивме волонтерски да го изгасиме сајтот. Се боревме со години за вашето право да комуницирата, но време е да се продолжи. Ова беше животно искуство, ви посакуваме се најдобро.“, стои кратка порака на сајтот.

BTJunkie e oснован во 2005-та година и за брзо време стана доста популарен сајт, поточно,5-ти најпопуларен торент сајт во светот, бидејќи беше уникатен по тоа што функционираше како пребарувач на торенти од сите други торент сајтови.

Торент пребарувачот, иако никогаш немаа проблеми со судски спорови, се гаси во време кога се разгорува војната меѓу пиратите и властите, во која се чини дека властите и забавната индустрија полека победуваат. Основачите на најголемиот торент сајт Pirate Bay ги чека затвор и казна од милиони долари. MegaUpload беше исклучен, а основачот е обвинет за перење на пари. Разни држави се почесто дискутираат да воведат закони кои ќе ја спречат пиратеријата со контрола на онлајн содржина и блокирање на сајтови, пример се SOPA во САД и ACTA во Европа. Дополнително, многу помали торент сајтови се соочени со бројни тужби од забавната индустрија.

Сепак, основачот на BTJunkie за TorrentFreak, вели дека се надева дека ќе има иднина за другите битторент сајтови.

„Се надевам дека има, војната е далеку од готова.“

2 коментари на “BTJunkie го исклучи сајтот

  1. mora da posti alternativa na torrent…prvo bese p2p, pa torrent…ke se iznajde resenie i za ova, ke se zaobikoli kontrolata na soobrakajot, a so toa i zabranata.
    Vo meguvreme, bugarija nema vo plan vakvi akcii protiv sopstvenicite na torrent sajtovi, pa, mozeme da uzivame vo torrent-ite :) Barem uste nekoe vreme. Dotogas, nabaveto dovolno DVD diskovi, spustete gi i izrezete gi site vasi omileni seriski filmovi, filmovi, muzika, programi i igri. Ne se znae koga ke zgasne zamunda i arena, a i drugite nivni alternativi.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии