Брзо и ефикасно извлекување слики од бројни office документи со Office.Files.Images

Само за момент, замислете стотици документи полни со текст и фотографии. Потоа, замислете дека потребно е да ги извлечете сите тие фотографии. Сигурно нема да го отварате секој документ засебно и да листате низ илјадници и илјадници страници само за да индивидуално барате, копирате и префрлувате слика-по-слика?

Office.Files.Images е релативно нова апликација која е исклучително корисна во овој поглед и ви дозволува ефикасно и брзо пронаоѓање и извлекување на сите слики од најразлични office документи, независно од тоа дали се работи за Microsoft Office или пак LibreOffice.

За да започнете со процесот, можете да влечете и пуштите цели фолдери со документи или индивидуални фајлови директно во алатката. Алтернативно, можете да повлечете сè што сакате да биде анализирано преку Options јазичето, па да ги изберете од таму.

Office.Files.Images инстантно започнува со скенирање на сите документи, а сликите кои ги пронаоѓа ги прикажува преку посебен, долен панел. За да ги изберете сите слики и да ги префрлите само нив на некоја друга локација кликнете на копчето Export. Или, задржете го копчето Ctrl и кликнувајте само на оние слики кои сакате да ги задржите. Потоа, изберете го копчето Export Selected.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии